Топла приказна од Дизни за безусловната љубов помеѓу браќата и сестрите – првата празнична реклама за оваа година (видео)

Во овогодишната празнична реклама на Дизни за божиќната сезона, гледаме мало девојче кое се чувствува отфрлено додека нејзините родители го очекуваат новото дете. Но, девојчето сфаќа дека оваа празнична сезона го добило најубавиот подарок – нов член на семејството.

prvata-praznichna-reklama-za-ovaa-godina-topla-prikazna-od-dizni-za-bezuslovnata-ljubov-pomegju-brakjata-i-sestrite-video-01.jpg

Иако поради топлото и сончево време ни е тешко да влеземе во празнично расположение, факт е дека зимата, а со тоа и празничната сезона се речиси на прагот.

А, со оваа сезона доаѓаат и слатките и топли празнични реклами кои секогаш успеваат да нè потсетат што е најважно во животот.

Дизни веќе ја објави својата празнична реклама за оваа година, која се фокусира на безусловната љубов помеѓу браќата и сестрите.

2-минутното видео е всушност продолжение од рекламите од 2020 и 2021 година.

prvata-praznichna-reklama-za-ovaa-godina-topla-prikazna-od-dizni-za-bezuslovnata-ljubov-pomegju-brakjata-i-sestrite-video-03.jpg

Во видеото од 2020 година, главните ликови се Лола и нејзината внука Никол кои ја зајакнуваат својата врска за време на празничната сезона.

Следната година, имавме можност да ја видиме Никол како возрасна личност, со нејзините деца Макс и Ела. Овојпат во нивното семејство дојде и нов член – партнерот на Никол, односно новиот очув на Макс и Ела.

Во најновата реклама насловена The Gift (подарокот), приказната се фокусира на малата Ела.

prvata-praznichna-reklama-za-ovaa-godina-topla-prikazna-od-dizni-za-bezuslovnata-ljubov-pomegju-brakjata-i-sestrite-video-02.jpg

Нејзината мајка и нејзиниот очув очекуваат уште едно дете. Но, додека сите се возбудени за приновата, Ела сфаќа дека повеќе не е во центарот на вниманието.

Родителите се многу позафатени со новото, неродено бебе, па Ела се чувствува отфрлено.

prvata-praznichna-reklama-za-ovaa-godina-topla-prikazna-od-dizni-za-bezuslovnata-ljubov-pomegju-brakjata-i-sestrite-video-05.jpg

Сепак, едно утро Ела се буди и сфаќа дека го добила најдобриот подарок – нов член на семејството.

prvata-praznichna-reklama-za-ovaa-godina-topla-prikazna-od-dizni-za-bezuslovnata-ljubov-pomegju-brakjata-i-sestrite-video-06.jpg

prvata-praznichna-reklama-za-ovaa-godina-topla-prikazna-od-dizni-za-bezuslovnata-ljubov-pomegju-brakjata-i-sestrite-video-07.jpg

Овогодишното видео е последно од празничната кампања на Дизни насловена From Our Family to Yours (од нашето семејство до вашето) која ја поддржува фондацијата Make-A-Wish.

Целта на фондацијата е исполнување на желби на дечиња кои се смртно болни, а преку кампањата Дизни собира средства за оваа намена.

„Оваа топла приказна ги слави магијата и радоста на семејството, празничните традиции и создавањето нови сеќавања. Се надеваме дека ќе уживате во ова божиќно видео, од нашето семејство до вашето.

Од лансирањето на ’Од нашето семејство до вашето‘ во 2020 година, Дизни даде поддршка од над 4 милиони долари на својот долгогодишен партнер – фондацијата Make-А-Wish, како дел од целта да го направи светот подобро место преку моќта на приказните“, стои во описот на видеото.

Во продолжение рекламите од 2020 и 2021 година:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg