Исповед на мајка: „Се породив во такси, дома ми стигна сметка за чистење на возилото“

„Ми пукна воденикот и веднаш се породив. Сметам дека е безобразно да ми наплатат за чистењето“ – вели жената што ненадејно се породила во такси додека одела на преглед. Што мислите вие, кој треба да плати за чистењето – компанијата или патничката?

ispoved-na-zhena-se-porodiv-vo-taksi-doma-mi-stigna-smetka-za-chistenje-na-voziloto-01.jpg

Само неколку дена откако станала мајка, Фара Каканиндин од Англија останала во шок откако дома добила сметка во висина од 90 британски фунти за чистење на возилото и за превозот.

ispoved-na-zhena-se-porodiv-vo-taksi-doma-mi-stigna-smetka-za-chistenje-na-voziloto-02.jpg

Како што пренесува британскиот весник The Sun оваа 26 годишна жена влегла во такси и требало да патува околу 20 километри за да оди на рутински преглед за бременоста, но само 5 минути по влегување во возилото почувствувала дека ѝ пукнал воденикот и веднаш почнала да се породува.

„Тоа беше најбрзото породување. Ми пукна воденикот 5 минути откако влегов во таксито. Таксистот ме праша дали сакам да застане, но јас му реков да продолжи да вози затоа што верував дека ќе успееме да стигнеме пред бебето да се роди“ – вели таа.

ispoved-na-zhena-se-porodiv-vo-taksi-doma-mi-stigna-smetka-za-chistenje-na-voziloto-03.jpg

Сепак, Фара се породила сосема сама на задното седиште од автомобилот, а таксистот се јавил во болницата за да го најави нејзиното доаѓање.

Кога стигнале во болницата веднаш ја пречекале бабици и биле шокирани кога виделе дека Фара ја носи ќеркичката Наја завиткана во својот капут.

ispoved-na-zhena-se-porodiv-vo-taksi-doma-mi-stigna-smetka-za-chistenje-na-voziloto-04.jpg

Сега оваа жена ја споделува својата приказна во медиумите и открива дека неколку денови подоцна кога се вратила дома со бебето била мошне изненадена затоа што на домашна адреса добила сметка од 90 британски фунти, од кои 30 биле сметка за возењето, а дополнителните 60 биле за трошоците за чистење на возилото.

„Јасно ми е дека направив неред, но сметам дека е безобразно тоа што ми наплаќаат за чистење“ – вели таа.

Што мислите вие? Кој треба да ја плати сметката за чистење на возилото?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg