„Се роди со златна лажица, сега кука и глуми жртва“ - Принцот Хари исмеан откако го објави насловот на неговите мемоари
- Детали
- четврток, 27 октомври 2022
„Сѐ што требаше да направи за да успее во животот е... да се роди! И сега во 30-тите години од животот ќе пишува мемоари во кои ќе се жали дека животот е неправеден“ – велат дел од твитерџиите откако ја видоа најавата за новата книга на принцот Хари.
По смртта на кралицата Елизабета се шпекулираше дека принцот Хари најверојатно ќе се откаже од објавувањето на неговите мемоари посветени на животот во кралското семејство, но денес тој најави дека книгата ќе биде пуштена во продажба на 16-ти јануари следната година, а ќе носи интересен наслов Spare (Резерва).
Мемоарите на принцот Хари ќе бидат објавени на 16 јазици, а се очекува да бидат откриени поголем дел од валканите детали за животот во кралското семејство.
Објавувањето на фотографијата од корицата на мемоарите предизвика реакции на социјалните мрежи, како и насловот што тој го избрал.
Имeно, книгата е насловена „Резерва“ и треба да алудира на изразот што во минатото се користеше за принцовите Вилијам и Хари кои ги нарекуваа „наследникот и резервата“.
На Твитер голем број од корисниците велат дека веќе ја нарачале книгата, а други пак се потсмеваат со насловот.
Трети пак, коментираат дека Хари и Меган, откако веќе не се дел од кралското семејство, се обидуваат да заработат повеќе пари така што објавуваат мемоари, документарни филмови и секаде каде што можат зборуваат отворено за животот со кралското семејство.
„Сè што требаше да направи за да успее во животот е... да се роди! И сега во 30-тите години од животот ќе пишува мемоари во кои ќе се жали дека животот е неправеден“,
„Насловот треба да биде: ‘На жена ми ѝ требаат пари’“,
„Принцот Хари знае да пишува“,
„По самиот наслов (затоа што тој не е резервен наследник уште откако се роди Џорџ) се гледа дека Хари ќе глуми жртва и ќе го искаже својот презир. Дали е тоа само еден том од книгата? Има многу работи за кои треба да биде благодарен“ – стои во некои од твитовите.
Б. С. Б. | Црнобело