„Родив близначки со различна боја на кожата бидејќи имам двојна матка – луѓето не ми веруваат дека се сестри“
- Детали
- петок, 21 октомври 2022
25-годишна Англичанка родена со двојна матка доживеала четири спонтани абортуси, но сега е горда мајка на близначиња кои имаат различна боја на кожата бидејќи се зачнати од две различни јајцеклетки и се развивале во посебни матки.
Џејд Бакингем отсекогаш сонувала за денот кога ќе стане мајка, но била сигурна дека никогаш нема да си ја исполни оваа желба откако лекарите ѝ кажале дека има двојна матка.
Но, на нејзино огромно изненадување, Џејд останала бремена и родила близначиња, а најинтересно е што имаат различна боја на кожата.
Според Mayo Clinic, жените со две матки можат да останат бремени, но постои голем ризик од спонтан абортус.
Па, по четири спонтани абортуси, Џејд изгубила надеж. Кога повторно останала бремена, лекарите ѝ кажале дека има близнаци кои се развиваат во одвоени матки.
Ова дополнително го зголемил стравот на 25-годишната Англичанка.
За среќа, овојпат Џејд немала спонтан абортус и се породила порано - во 34-тата недела.
Џејд добила две девојчиња – Ланае и Лавел – кои денес имаат четири години.
Девојчињата биле зачнати од различни јајце-клетки, а ова ја објаснува нивната различна боја на кожата. Тие имаат ист татко, со темна кожа, но Џејд ја прекинала врската со него.
„Ланае се роди со нозете свртени надолу, а Лавел со главата. Од тој момент знаев дека ќе бидат целосна спротивност и дефинитвно се“.
Џејд вели дека поминале неколку месеци пред да почне да се воочува разликата во бојата на нивната кожа, а денес многумина не веруваат дека се сестри.
„Кога почна да ѝ расте косата на Ланае, забележав дека има темни локни, а Лавел има руса коса и многу светла кожа. Некогаш кога сме излезени луѓето ме прашуваат за нив и не ми веруваат дека се близначки. Па, им покажувам фотографии од периодот кога се родија“.
Џејд открила дека има двојна вагина, а со тоа и двојна матка, во 2014-та, кога имала само 17 години. Ова е ретко, вродено нарушување, а експертите уште не се сигурни зошто и како настанува.
Многу жени со ова нарушување можат да имаат нормален сексуален живот и нормална бременост, но сепак постојат ризици како спонтан абортус и предвремено породување.
Во случајот на Џејд, двојната матка била причина за четири спонтани абортуси, како и предвремено раѓање на близначките.
„Кога ми ја кажаа дијагнозата, бев разочарана бидејќи отсекогаш сакав да бидам мајка. Мојата мајка, која има 42 години, дури и ми понуди да биде сурогат мајка. Ова беше прекрасен гест од нејзина страна, но јас сакав да бидам бремена“.
„Кога останав бремена со близначките, бев пресреќна, но бев многу исплашена бидејќи растеа во различни матки. Бев многу загрижена поради моето нарушување и претходните спонтани абортуси“.
Во 22-рата недела од бременоста, лекарите ѝ кажале на Џејд дека едното од близнаците престанало да расте.
„Лекарите ми рекоа дека имам две опции – да ги родам двете на 22 недели, но со голем ризик да не преживеат. Или, да продолжам со бременоста, ризикувајќи едното дете да не преживее.
Ова беше ужасна одлука што требаше да ја донесам, но знаев дека не треба да се откажам. Одлучив да продолжам со бременоста и да се надевам дека сè ќе биде во ред“.
Џејд се породила со царски рез и двете девојчиња биле во одлично здравје и денес немаат никакви здравствени проблеми.
Спирова С. | Црнобело