„Ти немаш самопочит“ - Девојка стана мета на критики откако клекна и го запроси момчето (видео)
- Детали
- петок, 21 октомври 2022
„Ти немаш самопочит“, „Подобро би умрела отколку јас да запросам маж“ се дел од суровите коментари на сметка на 27-годишната девојка од Канада, која го запроси својот сакан... Кое е нејзиното објаснување за потегот?
Сухмин Гарча (27) го запроси своето момче Шираз Брар (27) во Канада. Таа клекна пред него и му даде прстен, а видеото од запросувањето, кое го сподели на нејзиниот ТикТок профил, се прошири вирално и таа стана мета на критики.
„Ти немаш самопочит“, „Подобро би умрела отколку јас да запросам маж“, „Фрли се во океанот“ се дел од суровите коментари.
Сухмин, која е едукатор за нега на кожа, одлучила таа да го запроси својот сакан, по професија забен техничар, во јули, но не очекувала дека ќе стане мета на онлајн критики и исмевање.
https://www.instagram.com/p/CQeJz4WMtG9/?hl=en
Коментарите одат дотаму што велат дека нејзиниот партнер воопшто не е среќен поради запросувањето и дека таа се засрамила себе што го направила тоа.
Сухамин вели дека не очекувала ваква доза на негативност и тоа од страна на жени.
„Секогаш бев отворена за тоа дека е во ред и жената да запроси, но кога одлучив да го направам тоа бев навистина нервозна и го чекав вистинскиот момент за да го направам тоа.
Моето момче беше среќно и нашите семејства нè поддржаа. Искрено, би го направила тоа повторно. Ако двајцата во иста мерка се вложувате во врската, зошто е важно кој ќе го постави прашањето?
Само затоа што многу луѓе не го прават тоа на тој начин, не значи дека е погрешно. Навистина е застарена поделбата на работите според полот во општеството. Ние сме нова генерација и сакаме да изградиме општество, каде не постои полова поделеност.
Добив многу негативни коментари, но и коментари на поддршка и најважно е што нашите семејства ни дадоа поддршка“, вели Сухамин.
Видеото од запросувањето, кое поттикна дебата:
@sukhmingarcha This summer was special ? #kelownabc #fyp ♬ yebbas heartbreak - ☆˚˳༚
С. С. | Црнобело