Бизарно: Маж потрошил 120.000 долари за 100 пластични операции за да личи на Бритни Спирс (фото)
- Детали
- сабота, 22 октомври 2022
Пред 18 години, 35-годишниот Брајан ја почнал неговата трансформација и оттогаш има направено 100 пластични операции и козметички процедури со цел да лични на Бритни Спирс. За да си ја исполни бизарната желба, досега тој има потрошено над 120.000 долари.
Брајан Реј од Лос Анџелес има 35 години и за себе вели дека е најголемиот фан на Бритни Спирс. Тој е толку опседнат со пејачката, што има потрошено над 120.000 долари за 100 пластични операции и козметички процедури со цел да личи на неа.
Тој ја почнал неговата бизарна трансформација пред 18 години, кога мајка му му дала пари да си направи заби исти како на Бритни Спирс.
„Почнав кога имав 17 години и уште не сум завршен. Јас сум уметничко дело во изработка“, вели Брајан за Daily Star.
Откако си ја средил насмевката, Брајан направил две операции на носот, ставил импланти во образите, си ги зголемил усните и направил лифтинг на очните капаци.
Покрај тоа, на отприлика шест месеци става ботокс и филери, а на секои осум недели ги отстранува влакната од лицето и телото.
Брајан открива и дека троши околу 500 долари месечно за кремови и продукти кои му помагаат да го задржи младешкиот изглед.
Тој вели дека е воодушевен од досегашниот резултат и не планира да запре.
„Дали сум совршен? Секако дека не. Но, кога ќе се погледнам во огледалото, многу сум среќен“.
Брајан вели дека е свесен дека никогаш нема да биде потполно ист како Бритни, но се консултирал со пластичните хирурзи за да го направат што е можно посличен на неа.
Брајан има и Инстаграм профил со над 100.000 следбеници каде што добива поддршка, но и многу критики.
„Јасно ми е дека многу луѓе не ме разбираат. Ме нарекуваат чуден или луд, но мислам дека ако сум отворен за моето искуство, ќе ја отстранам стигмата. Ова не е за секого и не ги охрабрувам другите да прават пластични операции“.
Брајан вели дека ја сретнал Бритни неколкупати, а најголем впечаток му оставила средбата кога Бритни немала ни грам шминка на неа.
„Ја сретнав на мал фестивал. Не беше дотерана како во нејзините музички спотови и речиси и да немаше шминка, но сепак беше многу убава. Оваа средба дополнително ме поттикна да продолжам со пластичните операции“.