Поранешна ескорт девојка: „Ако го третирате сопругот како подвижен банкомат, тој ќе ве изневери“
- Детали
- сабота, 22 октомври 2022
„Мажите што бараат услуги од придружнички обично не сакаат да имаат афери. Тие не сакаат такви главоболки“ – вели најпознатата австралиска придружничка за мажи и новинарка Саманта X која ги дели мажите што изневеруваат во три категории. Кои се тие?
Саманта X e австралиска новинарка, која во минатото шест години работела како придружничка (ескорт), а напиша подолг текст во кој говори за тоа што научила за мажите во периодот додека работела како секс работничка. Таа вели дека оние што решиле да изневеруваат ќе го направат тоа без разлика на тоа колку се зафатени и колку обврски имаат.
„На моето работно место гледав секаков вид мажи. Млади мажи што не се во врска, вдовци, разведени мажи, мажи во инвалидски колички, мажи кои се болни, криминалци, полицајци, политичари – секаков вид мажи“ – вели таа.
Според неа мажите што изневеруваат може да се поделат во три категории.
Првата категорија според неа се мажи што се во брак, но не се интимни со сопругите и по неколку децении и се чувствуваат како подвижен банкомат, но одбиваат да се разведат затоа што не сакаат да загубат пари во разводот или да ги повредат своите деца.
Во втората категорија спаѓаат оние мажи што тврдат дека ги сакаат своите сопруги, но „понекогаш сакаат да пробаат нешто ново“.
Во третата категорија според неа се „најкомплицираните мажи“ кои се среќни во бракот и навидум немаат причина да изневеруваат.
Како што вели на почетокот размислувала долго зошто мажите што се среќни во бракот бараат секс на друго место, со придружнички (што според нив не е неверство) или пак во афери.
„Мажите што бараат услуги од придружнички обично не сакаат да имаат афери. Тие не сакаат такви главоболки, не им треба емотивна конекција (затоа што тоа го добиваат дома) и тие сметаат дека најчесто ќе бидат фатени.
Тие не сакаат да ги повредат сопствените сопруги и да го уништат бракот.
(Простете ми, но жените се глупави. Се прашувам дали голем број жени знаат дека нивните сопрузи водат двоен живот и не сакаат да реагираат, наместо да си заминат и да почнат од почеток)“ – вели Саманта.
Оваа придружничка вели дека нејзината професија ја натерала да се откаже од идејата за брак, затоа што иако има голем број клиенти кои изневеруваат, запознала и голем број мажи што се жалат на неверствата на нивните сопруги.
„Јас сум вљубена во оженет маж и знам дека тој никогаш нема да ја напушти сопругата. Го сакам и ја мразам неговата сопруга. Нејзе ѝ е лесно! Таа го добива него во целост, тој е со неа за празниците, тој е со неа секоја вечер и таа секој ден ја има неговата помош.
Таа има некого што ќе го повикаат во болница ако ѝ се случи нешто. Но, дали би ги менувала местата со неа: Никако!“ – вели Саманта.
Б. С. Б. | Црнобело