Како мала ја исмевале поради забите и косата, а сега e мис на Англија и воздухопловен инженер
- Детали
- среда, 19 октомври 2022
Девојка од Англија била нарекувано „грдо пајче“, а денес е вистински лебед кој ќе блесне и на Мис на свет. Таа им порачува на сите дечиња дека соништата се исполнуваат.
Џесика Гаген (26) ја доби титулата Мис на Англија, победувајќи во конкуренција од 30 девојки.
Таа е првата природна црвенокоса која победила во 94-годишната историја на овој избор, а токму поради бојата на косата поради која сега се истакнува, некогаш била мета на задевање во училиште.
Џесика сега е воздухопловен инжeнер и беспрекорна убавица, а некогаш била девојче со очила, кое покрај поради косата, било задевано и поради „несовршената“ насмевка.
Вели дека во второ одделение не само што била вербално задевана, туку децата буквално ја исмевале, па дури и удирале.
Џесика, која сега ќе ја претставува Англија на Мис на свет, вели дека самодовербата како дете ѝ била на многу ниско ниво, а почнала да ѝ расте кога во студенстските денови се зачленила во модна агенција.
„Јас верувам дека негативата од минатото треба да се остави зад нас. Јас секојдневно бев нарекувана со погрдни имиња и одлучна сум да им покажам на децата кои се соочуваат со истото дека тој лош период ќе помине, а нивните соништа ќе се остварат“, вели Џесика.