Искрена исповед на поранешен алкохоличар: „Зошто престанав да пијам?“
- Детали
- петок, 23 декември 2022
„Кога консумирав премногу алкохол... Никогаш не можев да се погледнам во огледало, бидејќи го презирав човекот кој сум станал. Пиењето ме правеше постојано вознемирен. Постојано се чувствував скршено“, е дел од емотивната исповед на Дејвид Вилсон од Велика Британија.
Дејвид Вилсон (@soberdave) од Велика Британија пред 4 години решил да го промени својот живот и престанал да консумира алкохол.
Сега им помага на многу луѓе да се фокусираат на поздрав живот, а на својот профил на Инстаграм сподели и 20 причини зошто престанал да пие.
Тој постојано испраќа порака дека животот без алкохол е многу подобар и искрено споделува зошто ја донел оваа одлука.
Дејвид ги открива причините поради кои престанал да консумира алкохол:
Мојата емоционална благосостојба беше на најниско ниво.
Мојот крвен притисок достигна бројки кои се опасни по живот.
Ја изгубив сета желба за живот.
Никогаш не можев да се погледнам во огледало, бидејќи го презирав човекот кој сум станал.
Мојата тежина излезе од контрола.
Се претворив во двајца луѓе, едниот постојано мамурлив, а другиот пијан.
Пиењето ме правеше вознемирен.
Не, пиењето ме правеше постојано вознемирен. Постојано! Мора да нагласам...
Станав измамник криејќи алкохол.
Пиењето сериозно влијаеше на моите финансии.