Била родена како вонбрачно дете на сопственикот, а денес е на чело на ZARA - Приказната на Марта Ортега наликува на шпанска серија
- Детали
- сабота, 15 октомври 2022
Пораснала во луксуз, но важи за мошне скромна личност иако најдобри пријателки ѝ се кралицата Летиција и Атина Оназис. Нејзините родители стапиле во брак дури кога наполнила 15 години, но важела за миленичка на татко ѝ – факти за Марта Ортега, наследничката на ZARA.
Познатиот бренд ZARA е меѓу омилените во светот, а честопати и Кејт Мидлтон и кралицата Летиција, биле забележани во нивни модели. Компанијата е основана од страна на Амансио Ортега, а неодамна него го наследи неговата ќерка Марта Ортега.
Приказната на Марта е исполнета со интересни детали и факти, а понекогаш наликува и на шпанска серија, со скандалозен почеток, но среќен крај.
Приказна за тоа како девојчето што било родено во вонбрачна заедница на мошне богат и влијателен човек, еден ден ќе стане негова единствена наследничка...
Основачот на ZARA, Амансио Ортега (86) бил двапати во брак: првиот пат со жената што му помогнала да го основа брендот Розалија Мера, а вториот пат со 16 години помладата од него, Флора Перез.
Од бракот со Розалија, Амансио добил две деца: ќерката Сандра (54) и синот Маркос (51) кој бил роден со церебрална парализа.
Најстарата ќерка на Амансио, Сандра денес е позната како најбогатата жена во Шпанија, која наследи околу 7 отсто од акциите што нејзината мајка ги поседувала во компанијата Inditex, а освен тоа има акции во фармацевтската компанија PharmaMar.
Сандра е дипломиран психолог, а во целост е посветена на работата на фондацијата посветена на луѓето со ментална и физичка попреченост основана од страна на нејзината мајка Флора.
Уште додека бил во брак со мајката на Сандра, Амансио ќе ја почне аферата со Флора Перез, а во 1984-та година ќе ја добие ќерката Марта.
И покрај тоа што добил друго дете со љубовницата, Амансио и Розалија биле во брак уште две години, сѐ до 1986-тата година, а со Флора (мајката на Марта) се оженил дури во 2001-ва година, кога неговата ќерка наполнила 15 години.