„Пораснав во религиозно опкружување, и по 20 години брак сексот со сопругот го сметам за грев“

porasnav-vo-religiozno-opkruzhuvanje-po-seksot-so-soprugot-chuvstvuvam-deka-pravam-grev-08.jpg

„Јас и сопругот пораснавме во религиозно опкружување за време на движењето True Love Waits (Вистинската љубов чека).

Бевме тинејџери кога се запознавме и како добри христијани побрзавме да стапиме во брак. Сметавме дека ја правиме вистинската работа.

Сега сме во брак веќе 20 години и дури сега сфаќаме колку била опасна пуританската религиозна култура во која израснавме.

Според таа култура паровите не треба да имаат предбрачен секс. Нам ни беше наметнато сфаќањето дека е подобро да стапите во брак, отколку да чувствувате возбуда.

Со други зборови, ако не можеме да се воздржиме од сексуални гревови, тогаш веднаш треба да стапиме во брак.

Нашата невиност беше свет подарок што треба да му го подариме на партнерот за време на првата брачна ноќ. Не смееме да си играме, затоа што тоа е грев.

Но, тоа не нѐ спречуваше да експериментираме и заради тоа мислевме дека сексот е лош.

porasnav-vo-religiozno-opkruzhuvanje-po-seksot-so-soprugot-chuvstvuvam-deka-pravam-grev-05.jpg

Никогаш не нѐ учеа за биологијата на сексот, за согласноста, за здравите граници, за личното задоволство или за родовите идентитети надвор од „нормата“.

Единствениот правилен начин да се има секс е во брачна заедница, откако ќе дадете завет дека ќе бидете заедно ‘додека смртта не ве раздели’.

Според свештениците, сексот во бракот е нешто неповторливо. Токму заради таквиот пристап, затоа што претходно сте се воздржувале, а потоа ќе имате секс колку сакате – ќе успеете веднаш да имате деца.

Заборавете на образованието, на барањето вистинска професија, чекање да станете родители за да можете да патувате – наша главна задача беше да стапиме во брак, да имаме секс колку е можно повеќе и да се размножуваме.

porasnav-vo-religiozno-opkruzhuvanje-po-seksot-so-soprugot-chuvstvuvam-deka-pravam-grev-04.jpg

Во една ситуација, двајца од младите лидери на движењето кои со години беа во врска се најдоа во „непријатна ситуација“, затоа што девојката остана бремена.

Тие јавно се изввинија, но јас се чувствував изневерено затоа што сметав дека лидерите први треба да го прават тоа што го проповедаат. Ако тие не можеа да апстинираат од секс пред брак, како можевме ние да издржиме?

Секојпат по средбите со моето тогашно момче и кога ќе не понесеа страстите, одев во мојата соба ја земав Библијата и ги исповедав моите гревови пред Бог.

‘Ова беше последен пат’, му ветував на празниот простор во мојата соба.

Целта беше да го величиме Бог со нашите тела, но нѐ учеа дека сѐ што е поврзано со сексот е срамно.

Дури и откако стапивме во брак, не можевме да се ослободиме од тоа чувство. Иако имавме дозвола да „одиме до крај“, индоктринацијата дека сексот е лош не исчезна.

porasnav-vo-religiozno-opkruzhuvanje-po-seksot-so-soprugot-chuvstvuvam-deka-pravam-grev-07.jpg

Дури и додека го пишувам сето ова чувствувам чудно чувство дека го изневерувам моето религиозно наследство.

Дали правам грев затоа што сметам дека пуританската култура е штетна?

Сметам дека токму заради тоа, ние што бевме жртви на ова движење, треба да говориме отворено.

Не можам да продолжам отворено да поддржувам култура што во целост го уништува сексуалниот живот на некоја личност“.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg