„Имам 27 години, но не сакам да работам – дечко ми се грижи за мене и ми обезбедува луксузен живот“ (фото)

„Јас го чистам целиот негов неред, подготвувам вечера пред да си дојде и ја перам и пеглам неговата облека. Завршив факултет, но не сакам да работам, дечко ми се грижи за мене“ – тврди оваа 27 годишна девојка која месечно троши околу 550 евра само на шминка и облека.

imam-27-godini-no-ne-sakam-da-rabotam-dechko-mi-se-grizhi-za-mene-i-mi-obezbeduva-luksuzen-zhivot-foto-01.jpg

Самер Ерика (27) живее во Глазгов, Шкотска заедно со нејзиниот дечко Бигс (30), но за разлика од голем број други жени и девојки на нејзина возраст, таа смета дека не мора да оди на работа и ужива во луксузниот живот што ѝ го обезбедува нејзиниот дечко.

„Тоа е сонот на секоја девојка нели? Се будам наутро, му правам појадок на Бигс и гледам филмови на Netflix и си мислам: ‘Боже ова е живот’“ – вели таа.

imam-27-godini-no-ne-sakam-da-rabotam-dechko-mi-se-grizhi-za-mene-i-mi-obezbeduva-luksuzen-zhivot-foto-02.jpg

Самер има свој профил на ТикТок, а вели дека не била отсекогаш домаќинка. Таа претходно живеела во Бристол, Англија, каде работела како учителка на деца од основно образование, а потоа се запишала на универзитет.

imam-27-godini-no-ne-sakam-da-rabotam-dechko-mi-se-grizhi-za-mene-i-mi-obezbeduva-luksuzen-zhivot-foto-05.jpg

Нејзиниот дечко Бигс е поранешен учесник на познатото британско шоу Love Island, а тие двајца се запознале во 2021-ва година. Самер оваа година дипломирала, но вели дека нема намера наскоро да бара вработување.

„Бигс и јас бевме во врска на далечина. Плаќав скапа кирија и доста се измачував на работа, па Бигс ми понуди да се грижи за мене. Сѐ што требаше да направам е да се преселам во Шкотска кај него и веќе да не се грижам за пари. Живеам заедно со него од јуни годинава и никогаш не зажалив за оваа одлука“ – вели Самер.

imam-27-godini-no-ne-sakam-da-rabotam-dechko-mi-se-grizhi-za-mene-i-mi-obezbeduva-luksuzen-zhivot-foto-03.jpg

Бигс често патува и заработува пари на социјалните мрежи, а Самер е дома и деновите ги минува во шопинг, го чисти домот и ужива во нејзините омилени емисии на телевизија.

Таа вели дека не знае колку пари заработува нејзиниот дечко и колку троши за хипотеката, сметките и слично.

„Секогаш кога сме излезени тој ги плаќа сметките“ – вели Самер.

imam-27-godini-no-ne-sakam-da-rabotam-dechko-mi-se-grizhi-za-mene-i-mi-obezbeduva-luksuzen-zhivot-foto-04.jpg

Сепак, Самер вели дека заработува и како инфлуенсерка, па така има свој бизнис за продажба на вештачки трепки и производи за убавина, а редовно објавува видеа на YouTube.

Вели дека од овој свој бизнис заработува околу 500 британски фунти што обично ги троши на облека, шминка и третмани за убавина, а споделува дека нејзиниот дечко не прави ништо дома.

„Јас го чистам целиот негов неред, подготвувам вечера пред да си дојде и ја перам и ја пеглам неговата облека. Поубаво ми е вака. Ако тој сам си подготвува јадење, нема да знам што да купам од маркет“ – вели Самер.

Погледнете повеќе нејзини фотографии:

https://www.instagram.com/p/ChT9xX_jfNY/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Cf1P-S4DBR4/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg