90-годишна бабичка е „зависник“ од адреналин – 2 пати скокнала од авион со падобран: „Имаме само еден живот“

90-годишната Мерси Багс од Англија првпат скокнала од авион на 77-годишна возраст, а неодамна скокнала вторпат. Таа планира да го направи третиот скок ако го доживее 95-тиот роденден, а во меѓувреме планира да се спушти од барем еден зип-лајн во Колорадо, САД.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-01.jpg

Повеќето луѓе не можат да соберат храброст да скокнат од авион со падобран ни во младоста, а уште помалку кога ќе наполнат 70, 80, па и 90 години.

Но, ова не важи за 90-годишната Мерси Багс од Англија која смета дека годините се само број и не треба да ве спречат да го правите она што го сакате.

Таа истакнува дека сите живееме само еднаш и ништо, дури ни возраста, не треба да нè спречи да ги направиме работите што ги сакаме, како скокање од авион со падобран.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-02.jpg

Во изминативе неколку години, Мерси двапати има скокнато од авион, а вели дека доколу го доживее 95-тиот роденден, ќе скокне уште еднаш.

„Сите ми велат дека не сум како другите баби. Ми велат дека сум луда, па дури и ме прашуваат кога ќе почнам да се однесувам ако возрасна личност. А, јас им велам: Никогаш.

Уживам во животот. Секое утро се будам и си мислам: Фала богу што имам уште еден ден. Треба да запомните дека живеете само еднаш, а многу луѓе ги одложуваат работите што сакаат да ги направат“.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-05.jpg

Мерси вели дека ѝ е жал за луѓето кои никогаш не ги прават работите што сакаат, за во староста да жалат за тоа.

„Ги жалам луѓето кои влеат: Посакувам да го направев тоа. Само направете го! Имате еден живот, тоа е тоа.

Во животот има работи што не може да ги игнорирате, но секогаш кога ќе добијам можност да направам нешто лудо, го правам“.

Животот на Мерси бил исполнет со тешки мигови кои имале влијание врз неа.

Кога имала седум години, таа била евакуирана од домот на родителите поради Втората светска војна и однесена да живее со друго семејство во друг крај на Англија.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-06.jpg

Успеала да се врати дома во 1945 година, а на 16 години го напуштила училиштето. Потоа, на 19 години станала дел од полицискиот оддел одговорен за безбедноста на железниците и патиштата низ Англија.

На ова работно место се соочувала со секакви луѓе и многу предизвици.

„Порано имаше повеќе почит за полицајците, но кога некој ќе ме удреше, не се однесував како дама и му враќав“.

На 22-годишна возраст, Мерси почнала да им помага на децата со аутизам и Аспергеров синдром и целосно се посветила на општествената работа.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-04.jpg

Во 2007-ма, пак, имала тумори на ’рбетот кои, иако биле отстранети, ѝ предизвикале проблеми со одењето.

„Кога сте постари, трпнењето во нозете е нормално. Но јас постојано се сопнував. Лекарот нареди да ми направат снимка и открија дека имам два големи тумори на ’рбетот. Ми кажаа дека ако не ме оперираат брзо, ќе останам парализирана“.

Токму овој здравствен проблем ја натерал Мерси да сфати дека животот е краток, па на 77-годишна возраст првпат скокнала од авион.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-07.jpg

Неодамна, кратко пред да го прослави 90-тиот роденден, Мерси направила уште еден скок.

Секако, таа истакнува дека и во двата случаи се консултирала со лекари кои ѝ дале дозвола за овој луд подвиг.

Очекувано, Мерси е воодушевена од искуството.

„Многу читав за луѓе кои скокале од авион и кога почнав да разговарам со семејството за тоа, сфатив дека сум подготвена. Вториот пат скокав во март и мислам дека тоа беше најстудениот ден. Лицето ми замрзна.

Кога се отвори вратата и седев на работ од авионот, само си помислив: Боже. Скокнавме и чувството беше возбудливо. Ако имам среќа да доживеам 95 години, ќе скокнам уште еднаш“.

90-godishna-babichka-e-zavisnik-od-adrenalin-2-pati-skoknala-od-avion-so-padobran-godinite-se-samo-broj-imame-samo-eden-zhivot-03.jpg

Следна луда авантура на листата на Мерси е да се спушти од барем еден зип-лајн во Колорадо, САД.

Мерси ја споделува нејзината приказна со цел да ги натера другите повозрасни луѓе да сфатат дека не се стари за да имаат луди авантури.

„Возраста е само број. Имав 59 години во недела, во понеделник имав 90. Уште сум истата личност. Возраста не треба да ве ограничува за ништо. Мора да верувате во себе.

Луѓето ќе ви велат дека сте луди ако правите нешто. Но, не сте. Вие го правите тоа бидејќи сакате. Имате можност да направите што сакате. Дури и ако мислите дека нема да ви се допаѓа, барем пробајте“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg