Маж ги изгубил рацете и останал парализиран од струен удар на 11 години – сега е бодибилдер: „Болката ме направи посилен“

„Викав на цел глас и пробав да си го фатам левиот зглоб со десната рака, но ми се залепија. Прстите ми се стопија на зглобот и ми изгореа рацете од дланките до лактите. Помнам само болка, чад и некоја сина светлина“, раскажува 50-годишниот Шахид за струјниот удар поради кој останал без раце. Денес тој е бодибилдер и сака да ги инспирира другите во негова положба.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-01.jpg

Шахид Икбал е 50-годишен бодибилдер кој има освоено и неколку награди за бодибилдинг, но најимпресивниот детаљ за него е тоа што нема раце и не може да ги движи нозете.

Шахид ги загубил рацете кога имал само 11 години од електричен удар кој речиси го убил.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-07.jpg

Во 1983 година Шахид решил да се качи на бандера, додека неговиот брат го гледал. За жал, тогаш 11-годишноит Шахид го фатила струја со напон од 27.000 волти.

„Почувствував болка во рамото каква што не можете да замислите. Викав на цел глас и пробав да си го фатам левиот зглоб со десната рака, но ми се залепија еден за друг. Прстите ми се стопија на зглобот и ми изгореа рацете од дланките до лактите.

Помнам само болка, чад и некоја сина светлина. Се сеќавам дека паднав и можеби да видам како брат ми ме гледа беспомошно. Се разбудив една недела подоцна во болница во Лондон. Беше многу болно“.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-09.jpg

Шахид едвај ја преживеал несреќата и поминал две години „влечејќи“ се по болници, а му биле направени три операции.

Првата операција траела над шест часа бидејќи хирурзите морале внимателно да го отстранат целото изгорено ткиво.

„По операцијата добив гангрена во мојата рака и лекарите мораа да ја ампутираат целата. Татко ги молеше да ми ја спасат раката. Тоа беше мрачен период за мене. Постојано ми требаше помош од некој“.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-05.jpg

Неговите раце биле ампутирани, а бидејќи си го скршил ’рбетот од падот, сега не може да оди.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-06.jpg

Со текот на времето Шахид закрепнал и успеал да заврши факултет, па станал графички дизајнер.

„Луѓето секогаш ме потценуваа поради мојата парализа. На училиште и факултет ми беше тешко бидејќи сите зјапаа во мене. Ми се смееја. Или мислеа дека сум одвратен, или ме сожалуваа“.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-04.jpg

Во 2015 година на Шахид му биле направени специјални тегови, па ова му дало можност да вежба.

Со текот на времето Шахид успеал да стане бодибилдер, па дури и да се натпреварува.

„Напорно тренирам веќе седум години. Од срамежливо момче, се претворив во возрасен маж. Мислам дека со годините се подмладувам“.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-08.jpg

„Ги мотивирам луѓето со мојот оптимизам. Инспирирани се бидејќи јас сум секогаш среќен, без разлика што се случува“.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-02.jpg

Покрај вежбањето во теретана, Шах оди на пливање, а користи и терапија со електрична стимулација на мускулите на нозете.

„Ги немам употребено нозете 38 години, но имаат здрава мускулна маса. Јас не сум посебна личност, но сум благословен и благодарен.

Инвалидитетот и попреченоста не треба да се гледаат со презир, туку да се прифатат. И ние што ги имаме сме луѓе“.

mazh-gi-izgubil-racete-i-ostanal-paraliziran-od-struen-udar-na-11-godini-sega-e-bodibilder-bolkata-me-napravi-posilen-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg