„Јас сум самохрана мајка на 3 деца, ги спакував и се преселив на Барбадос - сите мислеа дека сум луда“
- Детали
- среда, 05 октомври 2022
Самохраната мајка од Шкотска работи онлајн, плива во тиркизното море со децата меѓу желки и тропски риби, уживаат во авантури, а навечер се релаксираат на плажа во ѕвезденото небо. Таа споделува како ја донела одлуката...
Вики Мекгован e самохрана мајка од Шкотска која пред една година одлучила да се преиспита како го живее животот и што сака од него и донела смела одлука да се пресели на Барбадос.
Сега, вели дека веќе една година живее во рајот и дека тоа ѝ е најдобрата одлука што ја донела.
Таа одлучила сама со своите 3 деца, на возраст од 3, 8 и 9 години, да се пресели на другиот крај од светот.
Вели дека сега работи онлајн, плива во тиркизното море со децата меѓу желки и тропски риби, уживаат во авантури, а навечер се релаксираат на плажа во ѕвезденото небо.
„На почетокот од пандемијата кога започнавме да работиме од дома бев загрижена како ќе балансирам помеѓу работата и мајчинските обврски, но сфатив дека не само што совршено балансирам, туку и имам многу повеќе слободно време за со децата“, вели таа.
Таа додава дека кога ѝ паднала на ум идејата за преселба на Барбадос, многу луѓе ѝ рекле дека е луда и нема да успее сама со 3 деца.
„Јас мислев само на тоа дека сум самохран родител и дека ако не можам да отидам сама, тогаш нема да можам да отидам воопшто. Но, ние самохраните родители навистина имаме способност совршено да баланисраме помеѓу работата, животот и родителството и апсолутно успеваме во тоа.“
Топлата клима и живописните пејзажи секојдневно ѝ се мевлем за душата на Вики и на нејзините деца.
Вики работи онлајн за компанија од Лондон. Станува во 4:30 поради временската разлика, но во 12:30 е готова, пред да ги земе од училиште децата 2 часа подоцна.
„Се разбира дека ми е тешко да станувам толку рано, но резултатот е живот во рајот и многу време со моите деца. Се чувствувам среќно и исполнето.“
@lawyermum13 One year in paradise #singlemumlife #travellingwithkids #movingabroad #Barbados #movingabroadwithkids #thankful #scotland ♬ Celestial - Ed Sheeran
С. С. | Црнобело