Вдовец (87) и вдовица (81) од САД, две години се допишувале преку мејл: „Се вљубивме и заедно ќе го поминеме времето што ни останува“

Роз и Ралф од САД си испратиле стотици мејлови во период од две години, пред да сфатат дека се вљубени еден во друг. Сега тие се заедно и се надеваат дека нивната приказна ќе ги инспирира постарите генерации да сфатат дека никогаш не е доцна за љубов.

vdovec-87-i-vdovica-81-od-sad-2-godini-se-dopishuvale-preku-mejl-se-vljubivme-i-zaedno-kje-go-pomineme-vremeto-shto-ni-ostanuva-01.jpg

81-годишната Роз Леви и 87-годишниот Ралф Инсиџер се запознале во музеј, пред околу четири години. И двајцата се вдовци кои не ни помислувале да најдат нов партнер.

Тогаш Карен, ќерката на Роз, ја поканила мајка ѝ на ручек со еден од нејзините клиенти. Клиентот бил Ралф Инсиџер.

За Insider, Ралф открива дека кога првпат ја здогледал Роз, срцето почнало да му чука побрзо.

Тој период Роз живеела во Флорида, а отишла во Бостон да ја посети ќерка ѝ.

По музејот, Роз, Ралф и ќерката Карен отишле на ручек, а Ралф вели дека си поминал одлично. Но, набрзо потоа Роз морала да се врати во Бостон.

vdovec-87-i-vdovica-81-od-sad-2-godini-se-dopishuvale-preku-mejl-se-vljubivme-i-zaedno-kje-go-pomineme-vremeto-shto-ni-ostanuva-02.jpg

Сепак, бидејќи и неа и на Ралф им се допаднала дружбата, решиле да останат во контакт, па почнале да си пишуваат мејлови.

Во период од околу две години, тие си размениле стотици мејлови, а некогаш си пишувале и по трипати дневно.

На почетокот си пишувале како пријатели, зборувале за нивните интереси и, генерално, се запознавале.

„Секогаш кога си доаѓав дома, најпрво проверував дали имам мејл од Роз“ вели Ралф.

vdovec-87-i-vdovica-81-od-sad-2-godini-se-dopishuvale-preku-mejl-se-vljubivme-i-zaedno-kje-go-pomineme-vremeto-shto-ni-ostanuva-03.jpg

По околу две години, Ралф решил да ја посети Роз, но сè уште како пријател.

„Отидовме на многу места, заедно јадевме и водевме секакви разговори. Се чувствував толку убаво што кога се вратив дома сфатив дека помеѓу нас има нешто многу повеќе од пријателство“.

По оваа средба, мејловите на Ралф и Роз станале по малку флертувачки.

„Откако почина сопругот сметав дека сум независна и дека не ми треба нов партнер. Но, помеѓу нас дефинтивно имаше хемија. Ралф е многу романтичен, па успеа да ме освои многу брзо“, вели Роз.

vdovec-87-i-vdovica-81-od-sad-2-godini-se-dopishuvale-preku-mejl-se-vljubivme-i-zaedno-kje-go-pomineme-vremeto-shto-ni-ostanuva-04.jpg

Ралф и Роз почнале да си пишуваат поеми, но и да си испраќаат рачно напишани писма.

Ралф вели дека кога станало повеќе од очигледно дека помеѓу нив се родила љубов, одлучиле „заедно да го поминат времето што им преостанува“.

Па, во 2020 година, направиле прослава со семејствата во чест на нивната љубов.

Тие не планираат да се венчаат, но се сигурни дека ќе бидат заедно до крајот на нивните животи.

Сега парот одреден период престојува во Бостон, а одреден период во Флорида.

vdovec-87-i-vdovica-81-od-sad-2-godini-se-dopishuvale-preku-mejl-se-vljubivme-i-zaedno-kje-go-pomineme-vremeto-shto-ni-ostanuva-05.jpg

Пред околу еден месец, тие ги објавија и мејловите што си ги пишувале во книга.

Ралф и Роз ги објавиле мејловите со надеж дека ќе му докажат на светот дека љубовта може да се јави во секој момент од животот.

„Се надеваме дека нашата приказна ќе ги инспирира не само постарите, туку и помладите генерации. Нашата книга покажува дека можете да најдете љубов во секое поглавје од вашиот живот“, вели Роз.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg