„Дознав дека дечко ми има девојка, ја лажел и неа – сега сме пријателки, си бевме на Костарика“
- Детали
- вторник, 04 октомври 2022
Девојка од САД сакала да оди на роденденско патување во Костарика со саканиот, но откако дознала дека паралелно тој имал друга девојка, таа се здружила со неа и двете изневерени си отишле на одмор за да се тешат. Го оставиле измамникот и си поминале совршено. Фејт и Емили ги споделуваат деталите за медиумите...
Фејт Бистлајн од САД била возбудена дека за 30-тиот роденден ќе оди на патување во Костарика со момчето, но неколку седмици пред да заминат добила вознемирувачка порака.
„Дали тоа е твое момче? - било напишано заедно со фотографија која таа пред 18 месеци ја имала прикачено на социјалните мрежи, на која била со саканиот.
Затоа што ако е така, да знаеш дека тој веќе 10 месеци се состанува со моја пријателка...“
Бистлајн не можела да поверува во пораката и мислела дека е грешка.
Таа направила скриншот од разговорот и му го пратила на партнерот. Тој ја видел пораката, но не ѝ одговорил.
Фејст дознала дека нејзиниот партнер паралелно бил во врска со Емели Ортиз (22) од САД. Дури и Емили ја контактирала и ѝ потврдила дека е со него речиси една година, но дека верувала дека таа му е единствена девојка.
Емели Ортиз (лево) и Фејт Бистлајн (десно)
Тие почнале да разговараат за деталите и сфатиле дека двете се измамени.
Дечкото со кој се состанувале двете истовремено, имал 33 години и работел во здравствениот систем, а живеел во Лас Вегас.
Девојките продолжиле да се допишуваат и да си испраќаат фотографии со него направени во текот на нивните врски, па дури и такви каде тој се запознава со нивните семејства.
Во наредните неколку дена откако сфатиле дека се сериозно изиграни - раскинале со него. Тој откако бил фатен, не им кревал на телефон на двете.
Почнале да се тешат една со друга, а откако Фејт ѝ кажала на Емили за роденденското патување за кое платила, а сега ќе ѝ биде уништено, донеле одлука заедно да одат на Костарика.
„По ова ни е потребен одмор, сериозна сум со идејата да одиме заедно на Костарика“, ѝ рекла Фејт на Емили и три седмици откако дознале за тоа како се изневерени и излажани, заедно отишле на одмор.
„Прво, ми личеше како луда идеја, но потоа си помислив дека ќе биде добро да закрепнуваме заедно затоа што ние две единствено знаеме низ што минавме и како се чувствуваме во врска со тоа.
Минавме денови истражувајќи ја џунглата и неверојатните водопади, работевме на тоа да го исфрлиме од себе бесот и чувството дека сме предадени и седевме со часови во прекрасна природа и си разговаравме“, вели Емили.
Двете девојки сега се пријателки, а мажот што ги изиграл е минато.
И двете се согласуваат дека уште кога го запознале им изгледал како „женкар“ и од оваа перспектива не знаат зошто верувале дека може да имаат среќна и хармонична врска со него.
Двете велат: „Не се сеќаваме кога последен пат сме биле толку среќни како при заедничките авантури на Костарика. Пријателството е сè и може да направи да ги надминете и најтешките мигови. Секогаш во животот слушајте ја вашата интуиција.“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com