Мизерен и тажен vs. вљубен и среќен: Како изгледаше кралот Чарлс покрај Дијана, а како изгледа покрај Камила?

До 1991 година, Чарлс и Дијана целосно се игнорираа на јавни настани. Камила и Чарлс, пак, до денес се смешкаат, па и се прегрнуваат кога се во јавност.

mizeren-i-tazhen-vs-vljuben-i-srekjen-kako-izgledashe-kralot-charls-pokraj-dijana-a-kako-izgleda-pokraj-kamila-01.jpg

Добро познат факт е дека година-две по свадбата, љубовта помеѓу Чарлс и Дијана згасна.

Кралот на Англија почна и афера со сегашната сопруга – Камила – а штом јавноста дозна за ова, не помина многу време пред да се разведе со Дијана.

Иако на сите блиски им било јасно дека Чарлс и Дијана не се среќни заедно, тие пробале да го спасат бракот, најмногу за репутацијата на кралското семејство. Поради ова, поминаа неколку мизерни години заедно.

Од друга страна, Чарлс чекаше целиот живот за да добие можност да биде со Камила.

А, среќата на Чарлс кога е со Камила е повеќе од очигледна, особено кога ќе направите споредби со фотографиите со Дијана.

Неколку фото-споредби кои покажуваат како изгледаше Чарлс со Дијана, а како изгледа со Камила:

Чарлс и Дијана делуваат среќно на фотосесијата по повод нивната свршувачка, но ова не се ни споредува со радоста на Чарлс и Камила на фотките кога ја најавија нивната свршувачка.

mizeren-i-tazhen-vs-vljuben-i-srekjen-kako-izgledashe-kralot-charls-pokraj-dijana-a-kako-izgleda-pokraj-kamila-02.jpg

Дијана и Чарлс првпат се бакнаа во јавност на денот на нивната венчавка, и тоа само затоа што беа притиснати од нивните фанови. Од друга страна, Чарлс и Камила не можеа да ги скријат насмевките кога првпат се бакнаа во јавност во 2001 година.

mizeren-i-tazhen-vs-vljuben-i-srekjen-kako-izgledashe-kralot-charls-pokraj-dijana-a-kako-izgleda-pokraj-kamila-03.jpg

Тензијата помеѓу Чарлс и Дијана е повеќе од очигледна на фотките од нивниот меден месец. За време на медениот месец со Камила, Чарлс изгледа пресреќно, па дури и со задоволство разговараше со луѓето околу него.

mizeren-i-tazhen-vs-vljuben-i-srekjen-kako-izgledashe-kralot-charls-pokraj-dijana-a-kako-izgleda-pokraj-kamila-04.jpg

Само две години по венчавката, Чарлс и Дијана изгледаа како воопшто да не им е пријатно кога се еден од друг. Чарлс и Камила, пак, се смеат на скоро сите заедничко фотографии и е очигледно дека уживаат во овие мигови.

mizeren-i-tazhen-vs-vljuben-i-srekjen-kako-izgledashe-kralot-charls-pokraj-dijana-a-kako-izgleda-pokraj-kamila-05.jpg

Уште пет споредби на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg