Мизерен и тажен vs. вљубен и среќен: Како изгледаше кралот Чарлс покрај Дијана, а како изгледа покрај Камила?
- Детали
- петок, 07 октомври 2022
До 1991 година, Чарлс и Дијана целосно се игнорираа на јавни настани. Камила и Чарлс, пак, до денес се смешкаат, па и се прегрнуваат кога се во јавност.
Добро познат факт е дека година-две по свадбата, љубовта помеѓу Чарлс и Дијана згасна.
Кралот на Англија почна и афера со сегашната сопруга – Камила – а штом јавноста дозна за ова, не помина многу време пред да се разведе со Дијана.
Иако на сите блиски им било јасно дека Чарлс и Дијана не се среќни заедно, тие пробале да го спасат бракот, најмногу за репутацијата на кралското семејство. Поради ова, поминаа неколку мизерни години заедно.
Од друга страна, Чарлс чекаше целиот живот за да добие можност да биде со Камила.
А, среќата на Чарлс кога е со Камила е повеќе од очигледна, особено кога ќе направите споредби со фотографиите со Дијана.