Рeакцијата на девојче болно од рак, што за првпат добива перика, ќе ви ја стопли душата – за ова вреди да донирате коса (видео)

„Конечно сфатив зошто толку се зборува за донирањето коса, насмевката на ова девојче кажува сѐ“ – стои во еден од коментарите под видеото во кое се гледа емотивната реакција на девојче болно од рак што за првпат добива перика.

za-ova-vredi-da-donirate-kosa-reakcijata-na-devojcheto-bolno-od-rak-shto-za-prvpat-dobiva-perika-video-01.jpg

Честопати слушаме за мали деца што ја донираат својата коса за други деца болни од рак, но ова видео покажува колку тој „мал гест“ им значи на малечките што ја водат најтешката битка во нивните животи.

za-ova-vredi-da-donirate-kosa-reakcijata-na-devojcheto-bolno-od-rak-shto-za-prvpat-dobiva-perika-video-02.jpg

На социјалните мрежи масовно се споделува видео од насмевката и емотивната реакција на едно девојче болно од рак, што за првпат добива перика.

„Ефектот на донирање коса – Моментот кога ова девојче ја добива новата перика... Нејзината насмевка говори сѐ. Беше убава и претходно, а убава е и сега“ – стои во описот до видеото.

Погледнете го видеото:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Good News Movement (@goodnews_movement)

Инаку, во коментарите голем број родители го споделија сопственото мислење, па така една мајка напиша:

„Таа насмевка. Ова ме натера да помислам на моментот кога мојата 13-годишна ќерка ја донираше својата коса. Таа плачеше затоа што никогаш претходно не ја скратила косата, а фризерката ѝ велеше: ‘некое девојче ќе биде многу среќно затоа што ќе ја добие твојата коса’.“

za-ova-vredi-da-donirate-kosa-reakcijata-na-devojcheto-bolno-od-rak-shto-za-prvpat-dobiva-perika-video-04.jpg

„Да бидам искрена, никогаш не го сфаќав чинот на донирање коса – но сега ми е јасно. Колку е убава нејзината насмевка? Можете навистина да видите колку ѝ значи“ – стои во друг коментар.

Инаку, дечињата во целиот свет, па и од Македонија со години наназад ја растат сопствената коса и ја донираат за дечињата што ја загубиле додека се борат со ракот.

Видеото е уште еден доказ за тоа колку малиот гест може да им значи и да им ја врати насмевката на лицето додека се борат со тешката болест.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg