Пар од Бразил ја разгневи јавноста – обоиле водопад со сина боја за откривање на полот на детето (видео)
- Детали
- четврток, 29 септември 2022
Пар од Бразил обоил водопад со сина боја на забавата за откривање на полот на нивното дете. Локалците се гневни и бараат да се казнат, бидејќи реката на којашто е водопадот е еден од главните извори за вода на околното население.
Пар од Бразил ја разгневи јавноста откако обои водопад со сина боја, и тоа само за забавата за откривање на полот на нивното дете.
Прославата се одржала на 25-ти септември, а парот сподели видео од водопадот на социјалните мрежи. За само неколку денови, видеото стана вирално и парот се соочи со остри критики од јавноста, по што го тргнаа од нивните профили.
Сепак видеото е многупати споделено од други профили, а јавноста не престанува да ги критикува.
Наводно, забавата се одржала во близина на градот Тангара да Сера во Бразил, а реката што ја обоил парот е еден од главните извори за вода на околните жители.
A couple in #Brazil decided to dye a whole waterfall for their gender reveal party 🃏 pic.twitter.com/eKdHgJbJEh
-->-->— Public Outsider (@publicoutsider) September 27, 2022
Според бразилските медиуми, периодов во областа имало суши, а потенцијалната еколошка катастрофа што ја предизвикал парот може дополнително да го ограничи пристапот до вода на локалците.
Поради бурните реакции на јавноста, властите изјавија дека почнале истрага за да утврдат дали е направена еколошка штета. Доколку се утврди дека парот предизвикал каква било штета, властите велат дека одговорните ќе се соочат со казни.
Според бразилскиот веб-сајт G1, маж по име Андерсон Реис е едно од лицата кои се одговорни за боењето на водопадот. За веб-сајтот, тој изјавил дека не користеле штетни хемикалии, но одбил да даде друга изјава.
Дел од реакциите онлајн:
„Се надевам дека ќе ги казнат“.
„Не сакам ни да помислам колку друг отпад оставиле зад нив. Сигурно не ги собрале балоните и останатиот отпад“.
„Сè што е потребно за овие забави е торта. Парите што ги трошат за вакви глупости, подобро да ги заштедат за иднината на детето“.
„Некои луѓе се подготвени да уништат цел екосистем бидејќи мислат дека се најважни“.
„Дали само јас мислам дека луѓето кои го прават ова повеќе се грижат за себе отколку за детето што треба да им се роди?“
„Кога бев бремена, ја прашавме докторката за полот. Ни го кажа. Си отидовме дома и направивме вечера. Овие забави за откривање на полот стануваат луди“.
Некои истакнуваат дека парот можеби искористил боја која не е штетна за околината, но сепак ги осудуваат:
„Постојат хемикалии кои можат да ја обојат водата сина. Безбедни се за рибите, инсектите и растенијата и се разградуваат за краток период. Но, се сомневам дека искористиле нешто такво“.
„Постојат бои што ги користат експертите за да го набљудуваат текот на водата и тие се 100% безбедни за околината. Но сепак, ова е глупаво“.
Ова не е првпат идни родители да направат штета за време на забава за откривање на полот.
На Инстаграм и ТикТок има и други видеа каде што парови бојат водопади и реки за да го откријат полот на нивното дете.
@countrygal2525 #genderreveal#waterfall#viral#unique#wvproud#cantwait ♬ original sound - user2370997310363
@bubblebgumm Our gender reveal at a waterfall near our house ?? #Oregon #foryoupage #itsaboy ♬ original sound - Nobody
Овие забави се особено популарни во САД и секоја година има по барем два-три случаи кога нештата не одат по план.
На пример, во 2020 година пар од САД предизвика шумски пожар бидејќи користеле пиротехника за да го откријат полот на детето.
Пожарот зафати површина од околу 90 километри квадратни, изгоре 20 згради, а еден пожарникар го изгуби животот.
Спирова С. | Црнобело