Најстарата личност на светот: „Сакам да си дадам отказ од оваа работа наречена живот, но не ми дозволуваат“
- Детали
- среда, 28 септември 2022
„Сакам да си дадам отказ од оваа работа наречена живот, но не ми дозволуваат“, шеговито изјавува Лусил Рандон, најстарата личност на светот, за француската телевизија АФП. „Мојата цел е да ја престигнам Жан Калмент“, Французинка која наводно имала 122 години кога починала во 1997 година.
Лусил Рандон, француска калуѓерка која неодамна го прослави својот 118 роденден е најстарата личност на светот.
Овој нов рекорд доаѓа после смртта објавена на една година постарата од неа Јапонка, која дотогаш ја носеше оваа титула.
Таа е позната како сестра Андре, и е родена во јужна Франција на 11 февруари 1904 година, дури пред почетокот на Првата светска војна (и три години пред измислувањето на пластиката).
Моментално живее во дом за стари лица во Тулон покрај брегот на Медитеранот. Секој ден го започнува со појадок и потоа посетува утринска миса.
Единствениот недостаток е што видот на нејзините очи е намален за 80%.
Сестра Андре „држи“ уште еден рекорд. Таа е најстарата личност што го прележала вирусот ковид-19 во текот на 2021 година.
За француската телефизија АФП изјавува дека не ѝ било страв што го фатила вирусот, бидејќи повеќе не се плаши од смртта.
Во минатото работела како гувернанта во Париз, а за тој период од нејзиниот живот вели дека бил најсреќниот и најисполнетиот. Дури после тоа се решила на калуѓерство.
Со нејзината смрт таа ќе постане најстарата личност на планетата. Веднаш зад неа се наоѓа жена од Полска која има 115 години.
Повеќето стогодишници можат да се лоцираат во таканаречените сини зони во светот, каде што луѓето живеат подолго од просекот, како што е Окинава во Јапонија или на италијанскиот остров Сардинија.
Според статистичкиот институт Инсе, Франција, иако не се смета за сина зона, сепак има 30.000 стогодишници, со околу 40 од нив на 110 години или дури пак постари.
К. А. | Црнобело