Едната убиена затоа што косата ѝ ѕиркала под хиџабот, а другата затоа што ја врзала во опавче – Кои се жените што станаа симбол на отпорот во Иран?

„Едната беше брутално претепана затоа што не го носела правилно хиџабот, а другата отворено застана со откриена глава и ја собра косата во опавче“ – кои се двете жени што станаа симбол на протестите во Иран, земјата каде девојчињата стапуваат во брак на 13 години, а не смеат да се разведат?

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-01.jpg

Голем број жени се кренаа на нозе во Иран, на масовни протести против носењето хиџаб, каде две млади жени станаа симбол на протестите, а светот е згрозен од нивното сурово убиство, но и од бруталниот начин на кој тамошните власти се однесуваат кон жените што протестираат. 

Протестите започнаа на 17-ти септември, по смртта на Махса Амини која беше брутално претепана од полицијата, а за време на протестите згасна животот на уште една девојка, која гордо ја фати косата во опавче и одбиваше да носи хиџаб во знак на протест.

Видеото од моментот кога таа ја фати косата во опавче масовно се споделува на социјалните мрежи.

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-02.jpg

Дополнително, на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа од бруталноста со која властите ги третираат жените во Иран за време на протестите.

Оттука се поставува прашањето: „Како и зошто започнаа протестите?“

Протестите започнаа по вестите за смртта на 22-годишната Махса Амини која почина на 16-ти септември додека беше во притвор затоа што го прекршила правилото на Иран за носење марами на главата, или хиџаб.

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-03.jpg

Младата Махса била во посета на Техеран на 13-ти септември заедно со нејзиниот брат, кога полицијата ја уапсила затоа што наводно ги прекршила строгите правила за хиџаб.

Била уапсена со видливи повреди на главата, по што паднала во кома, а според тврдењата на нејзиното семејство не добила соодветна нега и починала во болницата три дена подоцна.

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-04.jpg

По погребот на Махса на 17-ти септември почнаа масовно да се оддржуваат анти-хиџаб протести, каде протестантите се судрија со вооружените сили, ги палеа симболите на режимот и хиџабите.

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-06.jpg

За време на протестите 20-годишната девојка Хадис Наџафи ја врза косата во опавче, а нејзиното видео масовно се споделуваше на социјалните мрежи. По ова „девојката со опавчето“ беше застрелана од 6 залутани куршуми на 21-ви септември.

„Таа имаше само 20 години. Срцето ѝ беше скршено зарaди смртта на Махса Амини. Таа рече дека нема да молчи. Ја убија со шест куршуми“ – рече сестрата на младата девојка.

https://twitter.com/AlinejadMasih/status/1573963922306129920

Инаку, во Иран по исламската револуција од 1979-та година жените задолжително треба да носат хиџаб. Иако имаат право на глас, жените во Иран може да бидат омажени на возраст од 13 години и немаат право да се разведат од сопругот.

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-05.jpg

Строгите закони ги ограничуваат правата на жените и во поглед на облекувањето, старателството врз децата, правото на наследство и патувањето во странство. 

ednata-ubiena-zatoa-shto-kosata-i-dzirkala-pod-hidjabot-a-drugata-zatoa-shto-ja-vrzala-vo-opavche-zhenite-shto-stanaa-simbol-na-otporot-vo-iran-07.jpg

Во Иран е дозволено младоженецот да побара гинеколошки преглед за неговата невеста за да добие доказ дека таа е невина, а иако имаат право на основно и средно образование, на некои факултети на припадничките на понежниот пол им е строго забранет пристапот. 

Така жените не смеат да се запишуваат на факултети за технички науки и инженерство. 

Голем број активисти што се заложувале за почитување на правата на жените добивале строги затворски казни.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg