Храбра невеста - младоженецот ја извисил, таа си ја прославила свадбата сама со гостите (фото)
- Детали
- вторник, 27 септември 2022
Кога ќе те остават на денот на свадбата, а ти ќе покажеш каква „ѕверка“ си... Храбра 27-годишна девојка издоминирала со однесувањето, откако била оставена на денот на свадбата од партнерот со кој била 4 години во врска.
Кејли Стед (27) од Велика Британија на денот на својата свадба дознала дека всушност нема да се мажи. Таа била извисена кога нејзиниот свршеник одлучил да не се појави на големиот ден.
Таа била 4 години во врска со 24-годишниот Калум Нортон.
Но, и покрај ужасната ситуација во која се нашла, одлучила да биде храбра и со насмевка на лицето да си ја истера свадбената церемонија сама, односно со гостите.
Од прв танц со татко ѝ, наместо со младоженецот, до сечење на свадбена торта, па и професионална фотосесија, таа сè си направила сама.
Храбро и уникатно, зарем не?
Кејли вели дека е среќна што барем не пропаднале толку многу пари и труд вложени во организација на свадбата.
Нејзините пријатели сега ѝ организирале хуманитарна акција за да успее да врати барем дел од парите.
Кејли вели дека партнерот го видела околу 4 часот попладне на денот пред свадбата и оттогаш не знае каде е и што прави.
„Се обидов да го добијам, но немаше одговор. Ова ми беше апсолутен шок и одлучив да ја одржам забавата, за денот да не го помнам по комплетен очај и тага“, вели храбрата Кејли.
Повеќе фотографии од храбрата невеста:
С. С. | Црнобело