Објави видео со силување, ја обвинуваат дека е следбеничка на фашизмот – Што знаеме за новата италијанска премиерка?
- Детали
- понеделник, 26 септември 2022
Ја обвинуваат дека потекнува од „фашистичка партија“, скандалозно објави видео на кое се гледа силување на млада девојка, за што се соочи со критики. Која е Џорџа Мелони и што знаеме за жената што себеси се декларира како мајка, Италијанка и христијанка?
Италија за првпат во историјата доби жена премиерка. На последните парламентарни избори, што се одржаа вчера (25.09.), според излезните прогнози, партијата „Браќа на Италија“ добила речиси една четвртина од гласовите на парламентарните избори во Италија, со што нејзината предводничка Џорџа Мелони, најверојатно ќе застане на чело на владата.
Џорџа Мелони (45) ја предводи партијата „Браќа за Италија“, крајнодесничарка партија, а се смета дека токму таа успеала да ја трансформира нео-фашистичката партија, основана од остатоците на Мусолини во популистичка и национална политичка сила што успева да собере поголем број гласови.
Џорџа почнала да се занимава со политика на возраст од само 15 години, кога како девојче што растело во предградието Гарбатела, населено воглавно од работничката класа, учествувала во основањето на партијата „Браќа за Италија“.
Четири години подоцна, на возраст од само 19 години ќе стане намладиот министер во италијанската влада, предводена од Силвио Берлускони.
Новата италијанска премиерка е во врска со новинарот Андреа Џамбруно со кого во 2016-та година ја доби ќерката Џинерва.
Интересно, но Андреа во повеќе наврати тврдел дека има сосема спротивставени политички ставови од неговата партнерка и дека секогаш гласал за нејзините конкуренти.
Андреа и Џорџа се запознале кога таа била гостинка во телевизијата каде тој работел, кога таа побарала нешто да јаде пред снимањето, по што ѝ дале една банана.
Таа не можела да ја изеде целата банана и му ја дала на Андреа затоа што мислела дека тој е асистент. По ова Андреа вели дека се вљубил во неа на прв поглед и почнал да ѝ се додворува сѐ додека не ја освоил.
Со оглед на тоа што нејзината партија е крајнодесничарска и во повеќе наврати била поврзувана со фашизмот на Мусолини, новата премиерка во минатото се соочила со повеќе непријатности.
Во 2021-ва година морала од својата партија да ги избрка сите членови што имале неофашистички сфаќања, но, продолжи да го користи стариот фашистички слоган: „Господ, татковината и семејството“.
Во август 2022 Џорџа беше вклучена во скандал, кога на својот Твитер профил објави видео што сега е избришано, на кое се гледаше како една млада Украинка е силувана во италијанскиот град Пјаченца.
Новата премиерка тогаш беше обвинета затоа што јавно го проширила видеото со силување, без да добие согласност од жртвите.
Инаку, по прогласувањето на победата, Џорџа се качи на сцената заедно со Матео Салвини и Силвио Берлускони.
Б. С. Б. | Црнобело