Принцот Хари е гневен на новиот крал – заради него не успеа да ја види за последен пат баба му Елизабета

„Чарлс ѝ забранил на Меган да присуствува на погребот, а заради расправијата принцот не успеал да се поздрави со баба му“ – не стивнуваат пишувањата во британските медиуми за Меган Маркл и Хари и за нивниот однос со кралското семејство.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-01.jpg

Хари и Меган по погребот на кралицата Елизабета се вратија во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија за да бидат со нивните деца Арчи и Лилбет, но не стивнуваат шпекулациите поврзани со нивното појавување за време на настаните поврзани со погребот.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-02.jpg

По заедничкото појавување со Вилијам и Кејт и другите членови на семејството, сите го поставуваат прашањето дали Хари и Меган конечно ќе успеат да ги поправат односите.

Британскиот весник The Sun, се навраќа на денот кога Елизабета Втора почина, па пишува дека Хари бил гневен заради односот на неговото семејство па дури и одбил да оди на вечера со татко му и со брат му.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-03.jpg

Наводно, Чарлс му забранил на Хари да ја донесе Меган Маркл во Балморал на 8-ми септември, односно денот кога кралицата почина.

Хари сакал неговата сопруга да го придружува во Шкотска, но Чарлс му се јавил и му рекол дека воопшто не е пристојно жената што јавно говори против кралското семејство да дојде со него.

Наводно, заради расправиите Хари го пропуштил авионскиот лет и не стигнал да се поздрави со својата баба.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-09.jpg

Хaри бил толку гневен што вечерта одбил да вечера со Чарлс, Камила и Вилијам.

Од друга страна пак, Page Six пишува дека Хари воопшто немал можност да ја одбие вечерата со татко му, затоа што кога пристигнал во Балморал, Чарлс веќе бил отсутен и тргнал на пат кон Лондон.

Но, тука не престануваат шпекулациите поврзани за односот на Хари со кралското семејство.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-04.jpg

Page Six објави статија во која пишува дека додека цело семејство се собираше да се збогува со кралицата Елизабета, принцот Хари за нејзината смрт дознал од медиумите.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-07.jpg

Тагата на лицето на принцот е забележителна на фотографиите на кои се гледа како тој со автомобил пристигнува во дворецот Балморал во Шкотска, на 8-ми септември, денот кога почина кралицата, а се појавија фотографии на кои се гледа дека тој прегрнува една вработена на аеродромот која го теши по смртта на кралицата.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-06.jpg

Различни луѓе вработени во палатата даваат различни извештаи за медиумите, па така едни велат дека Чарлс уште утрото му се јавил на Хари и го повикал да пристигне во Шкотска, додека пак, други тврдат дека никој не му се јавил за да му каже дека баба му е на смртна постела.

princot-hari-e-gneven-na-noviot-kral-zaradi-nego-ne-uspea-da-ja-vidi-za-posleden-pat-baba-mu-elizabeta-08.jpg

Односот на Хари и Меган и натаму ќе биде предмет на шпекулации и теории во медиумите.

Засега се знае дека принцот најверојатно ќе го одложи објавувањето на неговата книга мемоари во која требаше да бидат вклучени голем број тајни поврзани со животот во семејството.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg