Баба е бремена со своето внуче – го носи за синот и снаата, која нема матка
- Детали
- сабота, 24 септември 2022
Срцето на мајката е огромно! Жена од САД го носи детето на својот син како сурогат, затоа што неговата сопруга не може.
Ненси Хокс (56) од САД е бремена со детето на својот син, откако нејзината снаа останала без матка.
На неговата 30-годишна сопруга ѝ била направена хистеректомија, што подразбира хируршка процедура со која се отстранува матката, и таа повеќе нема да може да има деца.
Ненси знаела дека нејзиниот син сака да стане татко, па се понудила да им биде сурогат мајка, без разлика на возраста.
И интересно е што и покрај нејзината возраст трансферот на ембрионот поминал совршено, а бебето ќе се роди во ноември.
„Никогаш не замислував дека ќе бидам бремена на 56 години, но очигледно сè е возможно и ова е најубавата работа на светот“, вели Ненси.
Инаку, парот имал проблеми со зачнување на потомство од старт, но успеале да добијат два пара близнаци со асистирано оплодување.
За жал по второто комплицирано породување матката на сопругата на Џеф морала да ѝ биде извадена.
Но, пред тоа парот смрзнал ембриони и сега Ненси го носи нивното дете, односно своето внуче.
Нејзиниот сопруг Клиф ѝ е огромна поддршка во целиот процес.
Жртвата на Ненси е огромна и нејзиниот син и снаата велат дека го ценат тоа и се благодарни.
Фотографии од прекрасното семејство:
С. С. | Црнобело