Марк Закерберг соопшти дека чека трето дете, откако загуби половина богатство – како ги воспитуваат децата?
- Детали
- петок, 23 септември 2022
Само неколку часа откако и официјално беше објавено дека основачот на Фејсбук, Марк Закерберг загуби вртоглави 72 милијарди долари, тој на Инстаграм објави фотографија на која е насмеан и најави убави вести поврзани со неговото семејство – ќе добие трета ќерка.
Очигледно, ниту финансиските загуби не можеа да му го расипат доброто расположение на милијардерот кој на Инстаграм објави заедничка фотографија со неговата сопруга Присила Чан, до која напиша:
„Многу љубов. Среќен сум да споделам дека Макс и Август ќе добијат сестра следната година“.
Закерберг и Присила веќе имаат две ќерки: Максима (6) и Август (5).
Иако имаат милиони, Марк и Присила во една прилика рекоа дека не сакаат нивните деца да бидат разгалени.
Па така, Макс и Август не добиваат сѐ што ќе посакаат, имаат обврски што мора да ги завршат во домот, а Присила рече дека редовно ги носат и на работа, за од мали нозе да научат „што прават нивните родители и дека тие ќе треба да придонесуваат“.
Пред објавувањето на убавите вести, Bloomberg објави извештај во кој соопшти дека основачот на Фејсбук загубил повеќе од половина од сопственото богатство.
Така, ако во септември 2021-ва година неговото богатство изнесуваше 125 милијарди долари, во септември годинава, тој има вкупно 53,5 милијарди и забележал загуба од вртоглави 72 милијарди.
Според најновите ранг листи, тој во моментов се наоѓа на 20-тото место на најбогати луѓе во светот и е далеку зад Џеф Безос и Илон Маск.
Б. С. Б. | Црнобело