Каква случајност: Во Мексико страшни земјотреси на ист ден, како во 1985 и 2017, кога погинаа илјадници луѓе (фото+видео)

На 19-ти септември во 1985 и 2017 година, во Мексико имаше силни земјотреси со јачина од над 7 степени и животот го загубија илјадници луѓе. Оваа година, на истиот датум, но и на 22-ри септември, во Мексико повторно имаше силни земјотреси со јачина од 7,6 и 6,8 степени. Морничава случајност...

silni-zemjotresi-vo-meksiko-na-godishninata-od-zemjotresite-vo-1985-i-2017-koi-ubija-iljadnici-lugje-foto-video-01.jpg

По земјотресот на 19-ти септември со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, утрово во Мексико имаше уште еден силен земјотрес со јачина од 6,8 степени.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во областа на сојузната држава Мичоакан, а според CNN тресењето било почувствувано и на далечина од 500 километри.

По земјотресот, постоела опасност за појава на цунами, па биле евакуирани повеќето крајбрежни градови и села.

Покрај материјалната штета, во првиот земјотрес загинало најмалку едно лице.

Епицентарот на вториот земјотрес повторно бил во истата област и според U.S. News, засега има најмалку една жртва.

Уште поморничаво е што првиот земјотрес се случил на годишнина од други два силни земјотреса во минатото.

Имено, на 19-ти септември во 1985 и 2017 година имало земјотреси со јачина од над 7 степени во Мексико.

Во 2017 загинаа над 260 луѓе, додека во 1985 бројката е многу поголема – загинале илјадници луѓе, а имало и илјадници повредени.

Уште од 19-ти, локалците споделуваат морничави видеа на Твитер на кои се гледа како се движат зградите и покуќнината во нивните домови.

Многумина споделуваат и фотографии и видеа од материјалната штета.

Дел од објавите во продолжение:

Продолжаува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка од Мексико стана првиот адвокат со Даунов синдром: „Сакам да ги бранам луѓето како мене“ Ана од Мексико стана првиот адвокат во светот со Даунов синдром. Дипломирала во ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
По видеата на кои се прејадува и плаче, во тајност ослабел 100kg – Трансформацијата на јутјуберот Ни... Јутјуберот кој се прослави со видеата на кои јаде огромна количина храна, но и п...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg