Највисоката жена во светот, со 215cm висина, живее во Турција - Која е Румејса Гелги?
- Детали
- недела, 25 септември 2022
Со висина од 215,16 сантиметри, Турчинката Румејса Гелги е прогласена за највисоката жена во светот. Румејса беше повторно измерена во 2021 година, откако првпат ѝ беше доделена титулата за највисока тинејџерка (жена) во 2014 година, кога имаше 18 години.
Румејса Гелги од Турција, со своите 215,16cm е на врвот на листата на највисоки жени во светот, а се најде во книгата на Гинисови рекорди.
Сепак, ова не е единствениот рекорд на Румејска – таа исто така го држи рекордот за најдолг женски прст – 11.2cm, најголеми женски дланки (десната – 24.93cm, а левата 24.26cm) и најдолг женски грб – 59.90cm.
„Да се држи рекорд во нешто е прекрасна работа. Знам дека само посебните луѓе може да успеат и знам дека сум една од нив“ – изјавила таа.
Нејзиниот висок раст се сведува на состојба наречена „синдромот на Вивер“, исклучително ретка состојба која предизвикува забрзан раст меѓу другите абнормалности, вклучително и скелетно созревање.
Ниту еден друг член од нејзиното семејство нема знаци на синдромот кој таа го има, а нејзините родители се со потпросечна висина.
Румејса користи инвалидска количка поголемиот дел од времето, но може да се движи на кратки периоди користејќи помошен стол за одење.
Таа вели дека нејзината висина секогаш ги интригира луѓето кога поминуваат покрај неа на улица, но иако во минатото имало некои негативни коментари кои ѝ пречеле, сепак повеќето луѓе се љубезни кога ќе ја сретнат за првпат.
Во слободно време Румејса сака да излегува на убави оброци со семејството и смета дека пливањето навистина ѝ помага да се опушти.
Нејзиното семејство е многу среќно и гордо на неа што ја има титулата на највисока жена во светот во Гинисовата книга на рекорди.
Интересно е што највисокиот маж во светот е Султан Косен, кој исто така живее во Турција. Висок е 251 сантиметар.
M. Г. | Црнобело