Кејт го смирува малиот Џорџ додека плаче, милениците ја испратија на последното минување - емотивни моменти од погребот на кралицата Елизабета
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Принцезата Шарлот се расплака на последното збогување со прабаба ѝ, но и го потсети братчето кога треба да се поклонат. Двете кучиња и омилениот коњ на кралицата беа присутни на нејзиното последно минување низ Виндзор, а нејзините деца и внуците Хари и Вилијам со семејствата, достојно ја испратија - емотивни моменти од историското погребување на кралицата Елизабета Втора, која почива покрај сопругот.
Кралското семејство, но и целиот свет, денес се збогуваше со кралицата Елизабета, кога по поворката и церемонијата, нејзиниот ковчег беше спуштен под капелата St. George.
Десетици илјадници луѓе присуствуваа на овој настан, меѓу кои и многу светски политичари и претставници на земји, а исклучок не беше ниту нашиот претседател со својата сопруга.