Принцот Џорџ и принцезата Шарлот се збогуваат со прабаба им, принцот Хари веднаш зад ковчегот – Погребот на кралицата Елизабета во живо (видео)
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Најтажниот ден во Британија... По десетдневната жалост, кралицата Елизабета Втора денес ќе биде погребана во Вестминстер, каде ќе се одржи едночасовна погребна церемонија. Вилијам и Хари беа во поворката зад кралот, Кејт пристигна со децата Џорџ и Шарлот, а присутна е и Меган Маркл.
На погребот присуствуваат голем број светски лидери и политичари, верски лидери, но и претставници на другите кралски семејства во светот.
Погребната поворка веќе започна да го носи ковчегот на кралицата кон нејзиното почивалиште, со круната над него.
Забележително е дека на поворката веднаш зад ковчегот се кралот Чарлс, принцот Ендрју, принцезата Ана, но и внуците на кралицата: принцот Вилијам и Хари.
Иако доста се шпекулираше во изминатите денови, Хари на погребот на баба му сепак не ја носи воената униформа.
Претходно, камерите го забележаа моментот кога Кејт Мидлтон, сопругата на Вилијам, пристигна во црквата заедно со кралицата придружничка Камила и децата Џорџ и Шарлот.
Меган Маркл, пак, претходно пристигна заедно со својот сопруг, принцот Хари.
Следете го преносот од погребот во живо и погледнете ја целата галерија подолу:
Б. С. Б. | Црнобело