Кралицата Елизабета родила 4 деца, но зошто никој не видел нејзини труднички фотографии?
- Детали
- недела, 25 септември 2022
Принцезата Дијана била првата жена од кралското семејство што се породила во болница, a сите после неа позираа со детето по породувањето. Кралицата Елизабета пак, нема ниту една трудничка фотографија иако родила четири деца – зошто?
По смртта на британската кралица Елизабета Втора повторно станаа актуелни повеќе теми од нејзиниот живот, а многумина забележаа дека досега никогаш не биле објавени нејзини труднички фотографии, иако таа родила четри деца. Зошто?
Во последните децении се навикнавме бременоста на припадничките на кралското семејство да биде најавена со труднички фотографии (портрети), а потоа за време на бременоста голем број од таблоидите да објавуваат нови фотографии.
Излегувањето од болницата, пак, е момент што мора да биде фотографиран и споделен со јавноста, и тоа само неколку часа по породувањето, како што правеше Кејт Мидлтон.
Но, во времето кога Елизабета Втора била бремена, тоа воопшто не било популарно, напротив се сметало и за невкусно. Фотографиите со бремени жени во тоа време се сметале за „табу“.
Во периодот во 1948-ма година, кога кралицата била бремена за првпат, јавноста воопшто не била информирана дека кралското семејство очекува нов член, па така, Бакингемската Палата излегла со соопштение:
„Нејзиното височество, принцезата Елизабета нема да се појавува на јавни настани по крајот на месеци јуни.“
Освен што никој не знаел дека кралицата е бремена, воопшто и нема фотографии од тој период.
Во тоа време, кралицата се породувала во Бакингемската Палата, а нејзините деца биле целосно заштитени од медиумите.
Првата официјална фотографија од Чарлс била направена неколку месеци откако бил роден, за време на неговото крштевање во декември 1948-ма година.
Принцезата Дијана, е првата која одлучила да ја прекрши традицијата и наместо во Бакингемската палата, да се породи во болница, кога во 1982-ра година го донесе на свет принцот Вилијам.
Според кралскиот биограф Ендрју Мортон, Дијана одлучила да „побегне“ во болницата, заради неподносливиот притисок од медиумите:
„Не можев да го поднесам притисокот од медиумите, стана неподносливо. Се чувствував како постојано да ме надгледуваат“ – изјавила Дијана.
Б. С. Б. | Црнобело