Маж од Австралија работи како ескорт за богати жени: „Ме најмуваат жени во брак, заработувам 10.000 долари месечно“

Семјуел од Австралија работи како ескорт и вели дека живее навистина гламурозен живот благодарение на неговите богати клиентки, од кои голем дел се во брак. Тој открива детали за неговата професија и вели дека е задоволен, без разлика што многумина не би се согласиле со неговиот избор.

mazh-od-avstralija-raboti-kako-eskort-za-bogati-zheni-me-najmuvaat-zheni-vo-brak-zarabotuvam-10-000-dolari-mesechno-01.jpg

Семјуел Хантер од Сиднеј веќе две години работи како ескорт за богати жени. Тој оди на вечера со нив, некогаш и на луксузни патувања, а нуди и сексуални услуги.

Додека многумина не би се согласиле со неговиот избор на професија, Семјуел вели дека му овозможува да го живее луксузниот живот што го сака. 

Неговите клиентки се богати жени, па неретко му плаќаат и за луксузни патувања.  На пример, неодамна бил на 10-дневен одмор во Тајланд со повозрасна клиентка која му ги покрила сите трошоци.

Тој вели дека месечно има по околу седум клиентки, а од ова заработува и до 10.000 долари во еден месец.

mazh-od-avstralija-raboti-kako-eskort-za-bogati-zheni-me-najmuvaat-zheni-vo-brak-zarabotuvam-10-000-dolari-mesechno-05.jpg

За Daily Mail, Семјуел, кој е во раните 40-ти, вели дека има клиентки на секоја возраст, а најстарата имала 70 години.

Претходно Семјуел сменил многу работни места – работел во секс-шоп, а пишувал и блог за возрасни.

Тој вели дека животот на мажите во оваа индустрија е многу поразличен од оној на жените.

„Најголемата разлика е што жените можат да имаат и по неколку клиенти дневно, но јас имам само еден. Покрај тоа, мене ме најмуваат на подолг период – неколку часа, цела вечер или неколку денови“.

mazh-od-avstralija-raboti-kako-eskort-za-bogati-zheni-me-najmuvaat-zheni-vo-brak-zarabotuvam-10-000-dolari-mesechno-02.jpg

Семјуел открива и дека околу четвртина од неговите клиентки се во брак, како и дека повеќето имаат 40-тина години. Истовремено, голем дел од клиентките редовно ги користат неговите услуги.

Семјуел вели и дека е многу отворен за неговото работно место, иако е свесен дека многу луѓе го осудуваат. 

„Ѝ кажав и на мајка ми. На почетокот не ѝ се допаѓаше, но сега е во ред. Дури и се шегува на моја сметка“.

mazh-od-avstralija-raboti-kako-eskort-za-bogati-zheni-me-najmuvaat-zheni-vo-brak-zarabotuvam-10-000-dolari-mesechno-04.jpg

Семјуел истакнува и дека не прекршува никакви правила бидејќи проституцијата во Австрија е легална. Но сепак, сексуалните работници мора да работат самостојно и отворањето јавни куќи нелегално.

mazh-od-avstralija-raboti-kako-eskort-za-bogati-zheni-me-najmuvaat-zheni-vo-brak-zarabotuvam-10-000-dolari-mesechno-03.jpg

Според него, спротивно на мислењето на јавноста, луѓето со неговата професија можат да имаат врски, но тој одлучува да биде сингл.

„Моите клиенти треба да го видат најдоброто од мене. Тие не гледаат маж кој наутро само пие кафе и гледа во телефонот. И јас ја гледам најдобрата верзија од нив, а ова го нема во врските“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg