Мечка краде чоколатца од продавница, касиерот се крие зад каса: „Беше страшно, но и смешно“ (видео)

Мечка влегла во продавница во Калифорнија, а касиерот кој ја снимил вели дека иако бил исплашен, мечката „влегла неколкупати, имала добри манири и учтиво пробувала да земе само по едно чоколатце“.

viralno-video-mechka-uchtivo-krade-chokolatca-od-prodavnica-vo-kalifornija-01.jpg

Пред неколку дена, во 7-Eleven продавница во Калифорнија влегла мечка, а касиерот успеал да ја сними додека се обидувал да ја избрка.

54-годишниот Кристофер Кинсон работел трета смена во продавницата, кога забележал дека се отворила вратата, но не влегол никој.

viralno-video-mechka-uchtivo-krade-chokolatca-od-prodavnica-vo-kalifornija-02.jpg

Но, веднаш потоа забележал дека вратата ја отворила мечка која влегла во продавницата и почнала да краде храна од две гајби оставени покрај вратата.

„На почетокот бев изненаден. Видов дека се отвори вратата, но не видов човек, а потоа сфатив ѝ си реков ’Боже, ова е мечка‘“, вели касиерот.

viralno-video-mechka-uchtivo-krade-chokolatca-od-prodavnica-vo-kalifornija-03.jpg

Кристофер вели дека досега немал видено мечка во живо и се исплашил кога сфатил дека животното е многу поголемо отколку што му изгледало на фотографии.

Кристофер се тргнал на безбедно и ја оставил мечката да си разгледа во продавницата.

viralno-video-mechka-uchtivo-krade-chokolatca-od-prodavnica-vo-kalifornija-04.jpg

Иако ситуацијата е застрашувачка, Кристофер вели дека му било смешно тоа што мечката неколкупати влегла и излегла од продавницата и украла разни работи, а притоа изгледала учтиво.

„Изгледаше како учтиво да пробува да земе само по едно чоколатце, како да имаше добри манири“.

Ова се гледа и на видеото – мечката влегува во продавницата, си зема по неколку чоколатца, и повторно излегува.

Во заднина, пак, се слуша Кристофер кој ѝ се заканува на мечката и се обидува да ѝ објасни дека треба излезе, притоа користејќи и неколку пцости. Во еден миг, тој почнува и да се смее.

https://www.youtube.com/watch?v=-z2aC82IPQs

И покрај тоа што видеото изгледа и по малку комично. Кристофер признава дека бил исплашен.

„Се држев настрана, а зад мене беше задната врата, па можев да избегам ако мечката одлучеше да ме нападне“.

Околу половина час мечката влегувала и излегувала, по што Кристофер успеал да ја блокира вратата.

Според New York Post, ова не е првпат во продавница од ланецот 7-Eleven да влезе мечка.

Во ноември минатата година беше објавено видео на кое се гледа како мечка влегува во продавницата и „го користи“ средството за дезинфекција ставено пред вратата.

На видеото можете да ја слушнете и преплашената касиерка која вика. За среќа, посетата не мечката поминала без инциденти и никој не е повреден.

@fmunna83pk Last night enter the store…. #bearworld #squawvalley #truckee #nature #foryou ♬ original sound - Fanu

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg