Вирална снимка од стражар кој колабира до ковчегот на кралицата + Хари слави роденден во тага за баба му (видео)
- Детали
- четврток, 15 септември 2022
Членовите на кралското семејство денес имаат ден за одмор, но не и припадниците на кралската стража. Масовно се шири видеото од еден од стражарите кој колабира пред ковчегот на кралицата. Принцот Хари, пак, денес го слави својот 38-ми роденден, но во тага за својата баба...
Сите настани поврзани околу погребот на кралицата се напорни како за членовите на кралското семејство, така и за припадниците на кралската стража.
Додека припадниците на кралското семејство денес имаат ден за одмор, за стражарите нема одмор.
Принцот Хари пак, денес (15.09.) го слави својот 38-ми роденден. Тој и Меган нема да се вратат во САД, каде се нивните деца Арчи и Лилбет за да го поминат заедно денот, туку ќе останат во Обединетото Кралство каде денес имаат ден за одмор.
Во текот на вчерашниот ден, фотографите го „уловија“ Хари како го крие лицето со дланката, со наведната глава и според британските медиуми ова беше мигот во кој тој не можел да ги скрие емоциите по смртта на неговата баба.
Од друга страна, додека членовите на кралското семејство добија ден за одмор, членовите на кралската стража неуморно се вклучени во сите настани поврзани со Деновите на жалост и погребот на кралицата.
Деновиве околу стотици илјади луѓе ѝ оддадоа почит на кралицата така што дојода во посета на палатата каде е изложен нејзиниот ковчег.
Тие што беа присутни во палатата во Вестминстер денес, имаа можност да го видат моментот кога еден од стражарите падна од подиумот додека држеше стража, а присутните полицајци веднаш дотрчаа да му помогнат.
Видеото веднаш почна да се шири на социјалните мрежи, а одблиску може да се види дека стражарот пред да падне неколкупати загуби рамнотежа и се гледаше дека не се чувствува добро.
„Леле, снимката од стражарот пред да колабира е застрашувачка. Речиси двапати падна и никој не дојде да види дали е добро.
Знам дека има протокол, но на тој стражар не требаше да му се дозволи да остане на подиумот откако вторпат загуби рамнотежа“ – пишува во твитот.
https://twitter.com/DanTheStripe/status/1570242089581150208
Инаку ова е втор случај на стражар да колабира во последните два дена. Претходно беше објавена видео снимка од уште еден кралски стражар кој колабира додека ковчегот на кралицата го изнесуваа од катедрала во Единбург.
Б. С. Б. | Црнобело