Еден потег на новиот крал кој ги разлути принцот Хари и Меган Маркл – повторно се незадоволни и по сите скандали
- Детали
- четврток, 15 септември 2022
„Хари и Меган се гневни затоа што нивните деца ќе бидат принц и принцеза, но нема да добијат статус на височество, па со тоа нема ниту да уживаат во големиот број привилегии што им ги носи тој статус, како постојаното кралско обезбедување“ – пренесуваат британските медиуми.
Како што пренесуваат британските медиуми, се очекува кралот Чарлс Трети во блиска иднина да ги назначи децата на Хари и Меган за принц и принцеза, но нема да им додели статус на височество, затоа што нивните родители не се активни членови на кралското семејство.
Во моментов, додека траат свеченостите поврзани околу погребот на кралицата Елизабета, Меган и Хари освен што се појавуваат на сите поважни настани, водат и важни преговори за статусот кој нивните деца Арчи (3) и Лилбет (1) ќе го добијат во семејството.
Кога Хари и Меган пред две години одлучија да го напуштат семејството донесоа одлука повеќе да не ги користат своите титули, односно иако се познати како војводите од Сасекс, во обраќањето кон нив луѓето не треба да го користат изразот „ваше височество“.
Потоа појаснија дека заради оваа нивна одлука, тие останале без обезбедување, а заради тоа што и титулите на Арчи и Лилбет се без статус на височество, ниту тие нема да добијат кралско обезбедување.
„Хари и Меган беа загрижени заради проблемите со обезбедувањето, затоа што титулите на принц и принцеза дава одреден степен на кралска безбедност. Тие инсистираа на тоа Арчи и Лилбет да добијат титули, но сега се гневни затоа што нивните деца нема да добијат статус на височество“ – пишува британскиот весник The Sun.
За потсетување, во скандалозното интервју кај Опра, Хари меѓу другото се пожали и на малото обезбедување што го добива во Обединетото Кралство и рече дека заради тоа бројот на посети во неговата земја е ограничен. Рече дека стравува за сопствената, но и за безбедноста на неговите деца.
Засега, нема изјави од кралското семејство за тоа каков статус ќе добијат Арчи и Лилбет, а се очекува дека конечната одлука ќе биде донесена дури откако ќе поминат деновите на жалост и погребот на кралицата Елизабета.
Б. С. Б. | Црнобело