Човекот кој тврди дека е вонбрачен син на Чарлс и Камила: „По смртта на баба ми ја загубив можноста да докажам дека сум принц“
- Детали
- среда, 14 септември 2022
„Со смртта на кралицата јас ја загубив можноста да го откријам сопственото биолошко потекло по мирен пат“ – вели Сајмон Дорент Деј, австралиецот што со години наназад се обидува да докаже дека е биолошки син на Чарлс и Камила и вистински наследник на круната.
Австралиецот Сајмон Дорант Деј со години наназад тврди дека тој е вонбрачно дете на Чарлс и Камила, кое тие го добиле во врската уште кога биле тинејџери, а деновиве се огласи по веста за смртта на кралицата.
„Како и сите други луѓе на планетата би ми било тешко да не ме погоди нејзиното заминување. Откако дознав за загубата на баба ми, Лилбет, преплавен сум со пораки за сочувство. Ви благодарам за љубезните зборови, мисли и за грижата“ – напиша тој на Фејсбук.
Сајмон од 2018-та година се обидува да направи ДНК тестирање за да докаже дека тој е вонбрачно дете на Чарлс и Камила, а верува дека смртта на кралицата значи дека тој ќе ја загуби можноста да добие одговор за своето билошко потекло.
„Јас и моето семејство тагуваме не само заради загубата на кралицата, туку и затоа што ја загубивме можноста да го решиме ова прашање по мирен пат, на вистински начин“ – вели тој и додава дека тоа нема да го обесхрабри во борбата да докаже кои се неговите вистински родители.
Сопругата на Сајмон е со домородно австралиско потекло и тој нагласи дека семејството ќе приреди традиционални абориџински ритуали за кралицата.
Инаку, Сајмон е роден на 5-ти април 1966-та година во Англија, а бил посвоен на возраст од осум мессеци по што неговото семејство се преселило во Австралија.
Родителите на луѓето што го посвоиле работеле за кралицата и принцот Филип, а тој тврди дека неговата баба му кажала дека тој е син на Чарлс и на Камила.
Сајмон тврди дека бил зачнат во периодот во 1965-та година и дека Чарлс и Камила уште тогаш биле во врска, иако официјалната верзија е дека новиот крал на Англија и неговата сопруга се запознале во 1970-та година на поло меч.
Ако тврдењата на Сајмон се точни, тогаш тоа значи дека Камила и Чарлс биле тинејџери.
Новиот крал на Англија тогаш имал само 16 години, а Камила 17. Според него, тој бил даден на посвојување по наредба на кралицата за да се избегне поголем скандал.
Прочитајте и Кој е Сајмон Дорант Деј, човекот кој тврди дека е таен син на принцот Чарлс и Камила и наследник на круната?
Б. С. Б. | Црнобело