Девојка од Бугарија: „Како ја пронајдов љубовта на својот живот во мигот кога престанав да ја барам?“

„Да бидам искрена копнеев со години да пронајдам љубов. СО ГОДИНИ. И мислев дека никогаш нема да ми се случи. Ако ми се случи на мене (која бев толку очајна и со скршено срце со години), верувам дека ќе ви се случи и вам“, ја раскажува својата приказна Дајана Александрова, која љубовта на својот живот ја пронашла на Тенерифе.

devojka-od-bugarija-kako-ja-pronajdov-ljubovta-na-svojot-zhivot-vo-migot-koga-prestanav-da-ja-baram-01.jpg

Дајана Александрова од Бугарија, која на 16 години се преселила во САД, е една од многуте жени кои со задоволство ги споделуваат своите патувачки искуство во Фејсбук групата „Girls love travel“, но овојпат таа сподели и како ја пронашла љубовта на својот живот, токму кога се откажала од барање љубов.

Нејзината исповед:

„Јас знаев како сакам да изгледа мојата сродна душа – да биде дигитален номад како мене.

Да бидам искрена копнеев со години да пронајдам љубов. СО ГОДИНИ. И мислев дека никогаш нема да ми се случи.

devojka-od-bugarija-kako-ja-pronajdov-ljubovta-na-svojot-zhivot-vo-migot-koga-prestanav-da-ja-baram-05.jpg

Живеев во Барселона до 2020 година, каде се чувствував ужасно кога мажи ме извисуваа или сакаа да ме искористат емоционално.
Па, така во летото 2020 година за да ги избегнам строгите корона мерки во градот, се преселив на Тенерифе.

Во дневник си запишував како сакам да изгледа мојата сродна душа и со што располагам јас како квалитети, за да си ја зајакнам самодовербата.

И тогаш направив нешто страшно... Одлучив да се предадам. Да престанам да барам. Да престанам да форсирам.

Па, така секој ден шетав покрај океанот и во главата си велев:
‘Универзуме, се предавам, подготвена сум за магија’.

devojka-od-bugarija-kako-ja-pronajdov-ljubovta-na-svojot-zhivot-vo-migot-koga-prestanav-da-ja-baram-03.jpg

Две седмици подоцна, пријателка ме одвлече во бар, не пијам алкохол, па отидов само за да ѝ правам друштво и тогаш влезе ТОЈ.

Тој постојано патува низ светот исто како мене, има неутрален акцент (иако е од Шкотска) и обожава природа.

Тој е мојата вистинска љубов, звучи клише, но кога знаеш – знаеш.

devojka-od-bugarija-kako-ja-pronajdov-ljubovta-na-svojot-zhivot-vo-migot-koga-prestanav-da-ja-baram-02.jpg

Се состануваме само 2 години, а веќе имаме живеено заедно во 5 земји. Наскоро се селиме во Костарика.

Сакав да го споделам ова со вас за да ве инспирирам.
Ако ми се случи на мене (која бев толку очајна и со скршено срце со години), верувам дека ќе ви се случи и вам.

devojka-od-bugarija-kako-ja-pronajdov-ljubovta-na-svojot-zhivot-vo-migot-koga-prestanav-da-ja-baram-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg