Зошто кралицата Елизабета ѝ забрани на сестра си да стапи во брак (за неа единствен пат плачеше во јавност)?
- Детали
- понеделник, 12 септември 2022
Во 2002-ра година за време на погребот на принцезата Маргарет, кралицата јавно плачеше и не можеше да ги сокрие солзите во очите. Во каков однос беше англиската кралица со сестрата на која мораше да ѝ забрани да стапи во брак со човекот што го сака?
Таткото на кралицата Елизабета Втора, кралот Џорџ Шести во една прилика изјавил: „Лилбет е моја гордост, Маргарет е мојата радост“. Оваа реченица во голема мера ќе ги одбележи судбините на двете сестри и нивниот меѓусебен однос.
Двете сестри беа мошне различни, но и живееја сосема поинакви животи. Елизабета Втора речиси и да не покажуваше емоции и важеше за цврстата кралица на Англија, додека Маргарет беше во центарот на вниманието затоа што носеше дизајнерски тоалети и патуваше низ светот.
„Елизабета беше организирана, Маргарет посветена на уметноста, Елизабета сакаше да биде дискретна, Маргарет постојано сакаше да биде во центарот на вниманието, Елизабета беше одговорна, Маргарет беше бунтовна...“ – се вели во книгата на Крег Браун, Ninety-Nine Glimpses of Princess Margaret.
Двете сестри биле мошне блиски, имале посебна телефонска линија во Бакингемската Палата на која секојдневно разговарале и се смееле, а во 2002-ра година за време на погребот на пронцезата Маргарет, кралицата јавно плачеше и не можеше да ги сокрие солзите во очите.
Се смета дека ова е единствен пат кога кралицата јавно не можела да ги сокрие емоциите и длабоката тага што ја чувствувала по загубата на сестрата.
Се смета дека односот на Елизабета и Маргарет во еден период бил мошне влошен, затоа што постарата сестра пред сè морала да дејствува како монарх и да ги остави настрана сопствените емоции.
Маргарет имала само 14 години кога 16 години повозрасниот Питер Таузенд дошол на интервју за работа кај нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Нивната романса започнала 6 години подоцна, по смртта на нејзиниот татко во 1952-ра година.
Сепак, нивната љубов во тоа време се сметала за забранета, затоа што Питер претходно бил во брак со Сесил Роузмери Паул со која имал два сина, но откако дознал дека сопругата го изневерува поднел документи за развод.