Пар доби близначиња со различна боја на кожата: „Луѓето не ни веруваат дека се близнаци“
- Детали
- понеделник, 12 септември 2022
Шантел и Ештон од Англија имаат родители од различни раси, па добиле близнаци со различна боја на кожата. Наводно, ова се случува само кај 1 од 500 парови со мешана раса.
Шантел Бротон од Англија има татко белец, додека нејзината мајка потекнува од Нигерија. Нејзиниот партнер Ештон има потекло и од Јамајка и од Шкотска.
Нивните близнаци, пак, се одличен пример за непредвидливоста на гените – тие имаат различна боја на кожата.
Шантел гостуваше во британското телевизиско шоу Good Morning Britain каде што откри дека таа и партнерот не биле шокирани кога се родиле нивните деца во април. Имено, дечињата имале речиси иста боја на кожата.
Сепак, со текот на времето Шантел забележала дека кожата на едното дете кожата му станува потемна. Исто така, близначињата имаат и различни бои на очите – едното има кафени, а другото зелени.
Шантел вели дека таа и партнерот се пријатно изненадени од ова, но многу пошокирани се луѓето кои ги сретнуваат на улица бидејќи ретко кој видел близнаци со различна боја на кожата.
„Луѓето секогаш застануваат бидејќи изгледа сите сакаат близнаци. А, кога ќе ја забележат разликата ни велат: ’Дали навистина се близнаци? Едното има темна, а другото светла кожа. Тоа е многу необично, никогаш не сум видел нешто такво‘“.
Шантел гостуваше и во друго шоу, каде што лекарот Амир Кан објасни зошто некои близначиња се раѓаат со различна боја на кожата.
„Во овој случај има два сперматозоида кои оплодиле две јајцеклетки. Бојата на кожата ја сочинуваат околу 20 различни гени, па комбинациите се случајни.
Она што се наоѓа во еден сперматозоид не е истото што се наоѓа во друг, а ова важи и за јајцеклетките. Па, еден сет гени оплодуваат една јајце клетка, а друг сет – друга.
Поради ова, едното дете ќе има посветла кожа, а другото потемна кожа, како и потемни очи и коса“.
„Ова е потполна случајност и вистинска реткост – околу еден од 500 парови со мешана раса добиваат близнаци со различна боја на кожата“.
Лекарот истакнува дека денес има повеќе мешани парови, па оваа појава станува почеста.
Лекарот вели и дека бидејќи бројот на вакви близнаци е мал и не се направени многу истражувања во врска со нивната генетика.
Спирова С. | Црнобело