Јас сум сапиосексуалец – зошто за мене Марго Роби е совршена жена?
- Детали
- сабота, 08 октомври 2022
„Јас сум сапиосекуалец и за мене не е толку важен физичкиот изглед“ – тврди еден индиски актер. Што значи терминот „сапиосексуалец“ и зошто според овој актер Марго Роби е пример за совршена жена?
Индискиот телевизиски актер Џеј Такар, неодамна даде кратко интервју во кое изјави дека е сапиосексуалец и дека за него не е толку важен физичкиот изглед, туку го привлекуваат жените што се интелигентни и имаат многу знаење.
Според него, љубовта значи да најдеш некој што безусловно те тера да ја покажеш најдобрата верзија од себе и те предизвикува да бидеш подобар. Некој што те познава и одвнатре и однадвор и некој што ти е вистински партнер и најдобар пријател со кого можеш да ги споделиш сите искуства.
„Марго Роби е вистинска убавица и е мошне паметна. Таа не е само жена што изгледа убаво и е прекрасна актерка, туку јавно го поддржува образованието, говори за правата на жената и е вклучена во голем број други добротворни организации“ – вели Џеј.
Денес постојат голем број изрази поврзани за различниот вид сексуалност. Но, што значи кога некој е сапиосексуален?
Терминот „сапиосексуалец“ доаѓа од латинскиот збор „sapio“ што значи „интелигенција“, а за неговото појавување се најзаслужни веб страниците за состанување како Tinder, OK Cupid или Bumble, што го додадоа во листата на сексуални ориентации.
Сепак, што значи кога некој е сапиосексуален и што е она што најмногу го привлекува?
Во основа, да се биде сапиосексуалец значи дека првенствено ве привлекува нечија интелигенција. Со други зборови, овие луѓе чувствуваат романтична и сексуална привлечност за интелигентните луѓе и воопшто не им е важен физичкиот изглед.
Дали Марго Роби е привлечна само заради интелигенцијата? Што мислите вие?
Б. С. Б. | Црнобело