Вистински кавалер: Видео како принцот Хари брзa да ѝ отвори врата на Меган Маркл е вирален хит
- Детали
- понеделник, 12 септември 2022
„Светот е пуст беа неа“ – рекол принцот Хари пред присутните по веста за смртта на неговата баба, кралицата Елизабета Втора. Заедничкото појавување во Виндзорската палата не било по наредба на Чарлс Трети, а Меган, покажа дека му е најголема поддршка на сопругот во тешките мигови.
Вилијам и Кејт, Меган и Хари неочекувано се појавија заедно пред вратите на Виндзорската палата, каде разговараа со присутните, кои се собраа за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета Втора по нејзината смрт на возраст од 96 години.
Двата пара околу 40 минути прошетаа пред палатата, а потоа заедно влегоа во автомобил. Вилијам управуваше со автомобилот, а Хари и Меган седнаа одзади.
Видеото во кое се гледа како Хари брза да ѝ ја отвори вратата на неговата сопруга масовно се споделува на социјалните мрежи, а сите велат дека тој е вистински кавалер.
i just can’t NOT share this: prince harry opening the car door for meghan and making sure she got in safely, and going to his side of the car but not before shaking hands with some supporters nearby before leaving, all despite of the circumstances 😭❤️ pic.twitter.com/OGJHiZDHrf
-->-->— R (@everydayrobsten) September 10, 2022
Ова е прво заедничко појавување на „фамозната четворка“ по две години, а последен настан на којшто се појавија заедно беше настан во март 2020-та година.
По скандалозното интервју на Хари и Меган кај Опра и низата јавни препукувања, односите меѓу двајцата браќа беа мошне влошени, па сега се поставува прашањето дали станува збор за трајно помирување или, пак, Вилијам и Хери одлучиле да ги надминат разликите само за овој период додека траат почестите поврзани со смртта на кралицата.
Според, Daily Mail одлуката за заедничко појавување не се должела на наредба од новиот крал Чарлс Трети, туку, новиот принц од Велс, Вилијам одлучил да му прати порака на Хари и да го покани заедно да ја посетат палатата.
Хари им се обрати и на присутните, па дел од британските медиуми ја пренесуваат неговата изјава за кралицата Елизабета:
„Светот е пуст без неа. Во секоја соба каде што таа се наоѓаше можевме да го почувствуваме нејзиното присуство“.
Инаку, Хари не успеа да ја види својата баба пред таа да почине, а тој во замокот Балморал (каде што почина кралицата) пристигна сам.
Многумина не очекуваа воопшто да ја видат неговата сопруга Меган да се појави на настаните во текот на деновите на жалост, но како што може да се види и од фотографиите таа постојано беше до него, го држеше за рака и му беше најголема поддршка во тешките мигови.
Прочитајте и Сите детали за операцијата „Лондонски мост“: Што ќе се случува по смртта на кралицата Елизабета во текот на 10-дневната жалост?
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело