Жена природно родила тројка на 46 години, по три неуспешни обиди за асистирано оплодување: „Ми рекоа дека сум стара“
- Детали
- недела, 11 септември 2022
По три неуспешни обиди за асистирано оплодување, Одри од САД не само што останала бремена на 45 години, туку родила и тројка, а шансите за ова се 1 во 20 милијарди.
Одри Тибериус и сопругот Тајлер од Јута имаат четири деца, на возраст од 7 до 13 години. Но, кога сакале уште еднаш да го прошират семејството, лекарите ѝ рекле на Одри дека е премногу стара за повторно да раѓа.
На големо изненадување на сите, четири години подоцна, Одри останала бремена и во март годинава родила дури три деца.
Кога Одри и сопругот се консултирале со експерт пред околу четири години, тој ѝ рекол дека шансите да зачне, и тоа со асистирано оплодување, се нешто помалку од 10%.
„Ми рекоа ’Жал ни е, твоите јајцеклетки се многу стари‘. Имавме три неуспешни обиди со асистирано оплодување“, открива 46-годишната мајка во интервју за Today.
Иако Одри успеала да забремени, таа истакнува дека со сопругот сепак се измачиле.
Па, поради своето искуство, таа смета дека експертите треба да бидат многу поискрени во врска со плодноста на жените и нивните опции за забременување подоцна во животот.
Одри мислела дека лесно ќе остане бремена на таа возраст бидејќи нејзината баба добила неколку деца по 40-тиот роденден.
„Тогаш не знаев дека повозрасните славни жени всушнсот користат замрзнати јајцеклетки или јајцеклетки од донор“.
Одри вели дека нејзината тројка дефинитивно е чудо бидејќи и лекарите ѝ рекле дека шансите да добие тројка на оваа возраст се една во 20 милијарди.
Покрај тоа, шансите за спонтан абортус на 45-годишна возраст се речиси 80%.
„Се молев дека моите бебиња ќе бидат безбедни и дека нема да ги родам прерано – и тоа се случи“.
Денес бебињата на Одри и Тајлер имаат пет месеци, а таа открива дека поминува седум часа дневно за да измолзи млеко за нив.
Одри вели дека доењето и молзењето некогаш ѝ се предизвик и сега бара донори, но не може да биде посреќна за нејзините деца.
„Отсекогаш сум сакала седум деца – сонував за тој број. Но, не ни помислував дека навистина ќе си го остварам сонот поради мојата возраст“.
Спирова С. | Црнобело