Што сè ќе се промени во Англија по смртта на кралицата Елизабета, освен титулите на членовите на кралското семејство?

Покрај промените на титулите на членовите на кралското семејство, во Англија ќе се промени изгледот на парите и поштенските марки, како и стиховите од химната кои се однесуваат на кралицата Елизабета.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-01.jpg

По смртта на кралицата Елизабета, нејзиниот син Чарлс стана новиот крал на Англија. Но, тој не е единствениот член од кралското семејство чија титула ќе се промени...

А, покрај промените на титулите, во Англија ќе има промени на поштенските марки, банкнотите и монетите, па дури и химната.

Што сè ќе се промени во Англија по смртта на кралицата Елизабета?

Како што веќе спомнавме Чарлс ја доби титулата крал. Покрај него, со благослов од Елизабета, Камила стана кралица консорт, или кралица придружничка/сопруга – титула што ја носи сопругата на кралот.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-06.jpg

Најстариот син на Чарлс, Вилијам, кој ќе го наследи тронот по неговата смрт, ја доби титулата војвода од КорнволКејт Мидлтон, пак, сега е војвотка од Корнвол.

Сепак, најверојатно титулата на Вилијам наскоро ќе биде променета уште еднаш – тој ќе биде познат како принцот од Велс, титула што ја имаше Чарлс пред да стане крал.

Чарлс ја доби титулата во 1958 година.

Доколку Вилијам стане принцот од Велс, тогаш Кејт ќе биде принцезата од Велс – титула што ја носеше Дијана додека беше во брак со Чарлс.

Иако и Камила ја имаше титулата принцезата од Велс, одбиваше да ја користи поради Дијана.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-10.jpg

И децата на Вилијам и Кејт ќе добијат нови титули – Џорџ и Луи се принцови од Корнвол и Кембриџ, а Шарлот е принцеза од Корнвол и Кембриџ.

Кога татко им ќе ја добие титулата принц од Велс, тие ќе станат принцови и принцеза од Велс.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-08.jpg

Истовремено, и децата на Меган и Хари ги имаат титулите принц и принцеза.

Сепак, постојат контроверзии околу нивните титули поради заладениот однос на Меган и Хари со кралското семејство.

Постојат гласини дека сега, кога е крал, Чарлс ќе проба да им ги одземе титулите, но дотогаш тие се принц и принцеза.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-09.jpg

Покрај титулите на членовите на кралското семејство, сега во Англија ќе се променат и други ситници.

Најпрво ќе се направи промена на банкнотите и монетите – наместо кралицата Елизабета, на нив ќе го има лицето на кралот Чарлс.

Сепак, оваа промена нема да се случи преку ноќ. Најверојатно ќе поминат неколку години додека да се направат новите пари, да се пуштат во употреба и додека парите со ликот на Елизабета постепено да се исфрлат од употреба.

Покрај тоа, допрва треба да се дизајнира изгледот на новите монети и банкноти.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-05.jpg

Ќе има промена и во изгледот на поштенските марки кои сега ќе се изработуваат со ликот на Чарлс.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-04.jpg

Истовремено, ќе треба да се промени и химната на Англија – во химната има стих God save our gracious Queen (Боже спаси ја нашата милостива кралица).

Овој стих ќе се промени во God save our gracious King (Боже спаси го нашиот милостив крал).

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-02.jpg

Ќе треба да се направат и промени во воените медали, но и полициските и воените униформи кои досега го носеа печатот на кралицата Елизабета.

До смртта на Елизабета, пасошите во Англија беа издавани во нејзино име, што значи сега ќе се промени и ова.

koi-se-novite-tituli-na-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-shto-se-kje-se-promeni-vo-anglija-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-03.jpg

Исто така, и Чарлс ќе треба да го промени неговиот официјален потпис. Досега тој се потпишуваше само како Чарлс, но сега ќе мора да ја додаде и буквата R (од латинскиот збор за крал – Rex).

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги пре... Откако Бакингемската палата соопшти дека британскиот крал Чарлс Трети боледува о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg