„Партнерот не разбира зошто сум фокусирана на синот со попреченост, ме изневерува и лаже – што да правам?“

„Во телефонот на партнерот постојано наоѓам бесрамни пораки од други жени. Му упатува ужасни коментари на мојот 17-годишен син кој има Аспергеров синдром и ми вели дека заради него немам живот – Што да правам?“ – прашува оваа 40 годишна жена.

partnerot-ne-razbira-zoshto-se-grizham-za-sinot-so-poprechenost-me-izneveruva-i-ponizhuva-shto-da-pravam-01.jpg

Аспергеров синдром е едно од неколкуте пореметувања со аутистички спектар кој се карактеризира со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Кај овие лица нема нема застој во јазичниот и когнитивниот развој. Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

Една анонимна жена од Англија упати писмо до колумнистката на магазинот The Sun, Дидре каде опиша со какви проблеми се соочува со нејзиниот партнер кој постојано ја изневерува, ја понижува и го навредува нејзиниот 17-годишен син со ваков синдром.

Во продолжение проследете го нејзиното писмо во целост:

„Мојот партнер има секси пораки од други жени на неговите телефони, но ако му кажам нешто тогаш сум луда и сакам да правам драми.

Сум го слушнала како ми се потсмева и ме имитира со неговите пријатели каква сум кога сум вознемирена.

Тој вели дека јас сум љубоморна и дека треба да престанам да бидам посесивна.

Понекогаш отворено флертува со жени пред мене и се чувствувам понижено. Јас имам 40 години, а тој 58 и заедно сме 5 години.

Во првата година беше прекрасен, но последните 4 години се ужас.

Има два телефони – еден службен и еден приватен.

Ги проверувам редовно и постојанo наоѓам безобразни пораки од жени што не ги познавам.

Досега повеќепати ме изневерил и ме излажал и секогаш му простувам, но не можам да заборавам.

Живееме заедно, но тој има и сопствен стан. Има возрасна ќерка што не сака ниту да го види.

Мојот син има 17 години и има Аспергеров синдром, со што мојот партнер не може да се справи. Се расправаме за коментарите што му ги упатува. Го нарекува со ужасни имиња и вели дека немам живот затоа што постојано се грижам за него.

Јас сум таа што ги плаќа сметките – за храна, за кирија и за основни потреби. Тој мисли дека придонесува со тоа што неколкупати неделно нарачува храна и тоа е тоа.

Мојата најдобра пријателка неодамна го продаде нејзиниот стан и се пресели подалеку. Таа ми беше како сестра, а сега немам никого. Се чувствувам дека сакам да побегнам и да бидам поблиску до неа.

Сонувам за нов почеток, но страдам од анксиозност заради семејното насилство во мината врска.

Мојот партнер не е насилен како претходниот, но ме повредува емоционално.

Се чувствувам изгубено и не знам што да правам.“

partnerot-ne-razbira-zoshto-se-grizham-za-sinot-so-poprechenost-me-izneveruva-i-ponizhuva-shto-da-pravam-02.jpg

Според Дидре оваа жена треба веднаш да донесе одлука и да го заштити својот син. Па таа накратко ѝ одговара:

„Твојот партнер можеби не те повредува физички, но те повредува емоционално. Заслужувате подобро и ти и твојот син. Тоа што ги слушате неговите грди коментари само ви штети.

Треба да го заштитиш синот од неговата злоупотреба. Твојот партнер постојано те изневерува и најверојатно нема да се промени.

Ти си таму каде што тој сака да бидеш – да се грижиш за домот, да го поддржуваш и да му обезбедиш секс додека не се појави следната жена.

Нема потреба повеќе да слушаш лаги, имаш доволно докази. Мора да бидеш цврста и да му кажеш дека е крај“.

Што мислите вие? Дали воопшто треба да остане во врска со ваков маж или веднаш да го прифати советот на Дидре и да стави крај?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg