Маж кој донира сперма е татко на 50 деца: „Популарен сум бидејќи паровите можат да ме запознаат лично“

Кајл Горди од Лос Анџелес има 31 година и е биолошки татко на дури 50 деца. Тој ја донира неговата сперма, а вели дека е популарен бидејќи паровите имаат можност да го запознаат лично, за разлика од банките за сперма каде што донорите се анонимни.

mazh-koj-donira-sperma-e-tatko-na-50-deca-popularen-sum-bidejkji-parovite-mozhat-da-me-zapoznaat-lichno-01.jpg

Таканаречените банки за сперма се одлично решение за паровите кои сакаат да станат родители, но не можат, но и за жените кои сакаат да станат мајки без машки партнер.

Во овие банки, донорите на сперма се анонимни, но идните родители знаат важни информации за нив, како здравствена состојба и физички карактеристики.

И 31-годишниот Карл Горди е донор на сперма, но за разлика од останатите донори, тој не сака да остане анонимен.

mazh-koj-donira-sperma-e-tatko-na-50-deca-popularen-sum-bidejkji-parovite-mozhat-da-me-zapoznaat-lichno-04.jpg

Кајл, кој живее во Лос Анџелес, ги рекламира неговите услуги на социјалните мрежи, а паровите кои сакаат да станат родители го контактираат лично него. Истовремено, тој не наплаќа за оваа услуга.

Па така, сега Кајл е биолошки татко на 50 деца, а вели дека наскоро треба да се родат уште 15.

mazh-koj-donira-sperma-e-tatko-na-50-deca-popularen-sum-bidejkji-parovite-mozhat-da-me-zapoznaat-lichno-07.jpg

Кајл смета дека на паровите неретко им е непријатно да користат банки за сперма поради анонимноста. Односно, тие не знаат ништо за мажот кој ја донира својата семена течност, па повеќе им одговараат неговите услуги.

„Сметам дека сум популарен бидејќи паровите имаат можност да ме запознаат. Отворен сум со луѓето и можат да ми веруваат.

Секогаш се трудам јас да одам во посета на семејството, наместо да ги терам тие да доаѓаат кај мене“.

mazh-koj-donira-sperma-e-tatko-na-50-deca-popularen-sum-bidejkji-parovite-mozhat-da-me-zapoznaat-lichno-06.jpg

Кајл истакнува дека петпати во годината се тестира за сексуално преносливи болести, но и други здравствени проблеми, со цел да биде сигурен дека нема да се појават никакви проблеми со бременоста.

„Повеќето луѓе се тестираат само еднаш годишно, додека јас ги правам овие тестови и до петпати во една година.

Јас сум професионалец бидејќи детално им објаснувам сè на паровите, знаат колку сум плоден и знаат колкави се шансите да се зачне бебето. Јас сум подобар од банките бидејќи мене најважен ми е квалитетот“.

mazh-koj-donira-sperma-e-tatko-na-50-deca-popularen-sum-bidejkji-parovite-mozhat-da-me-zapoznaat-lichno-02.jpg

Кајл тврди дека се храни многу здраво и пие разни витамини со цел да го подобри квалитетот на неговата семена течност.

„Црвеното вино може да биде многу добро за вас и има многу придобивки кај донорите, па си дозволувам да пијам, но само умерено.

Уште учам во која храна можам да уживам, а која исто така е добра за плодноста“.

Кајл вели дека сега донира спрема и преку клиника за асистирано оплодување од Филипините, а клиниката му ги покрива трошоците за патувањето од САД до таму.

„Правам мој профил, а клиниката го објавува онлајн, заедно со фотографии од мене и моите одговори на некои основни прашања.

Ако ме одберат, обично правам по две донации. Лесно е бидејќи во клиниката ми ги прават сите потребни тестови, како оние за сексуално преносливи болести и квалитетот на спермата“.

mazh-koj-donira-sperma-e-tatko-na-50-deca-popularen-sum-bidejkji-parovite-mozhat-da-me-zapoznaat-lichno-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg