Девојка од САД е алергична на гравитацијата и минува 23 часа во кревет

„Звучи лудо, но не можам да стојам подолго од 3 минути без да се онесвестам или да ми биде лошо. Никогаш немаше да можам да претпоставам дека на 28 години ќе се туширам седејќи на столче. Повеќе не можам ниту да излезам од дома...“, раскажува Линдзи Џонсон (28) од САД за својата состојба.

zhena-e-alergichna-na-gravitacijata-i-minuva-23-chasa-vo-krevet-01.jpg

Линдзи Џонсон (28) од САД е жена која е алергична на гравитацијата, се онесвестува и по 10  пати на ден (со помош на лекарства е намалено на 3) и не може да стои повеќе од 3 минути без да се онесвести.

Screenshot_2.jpg

Нејзината состојба е позната како синдром на постурална ортостатска тахикардија (POTS).

Синдром на постурална ортостатска тахикардија (POTS) е термин кој се користи за опишување на група на невролошки состојби кои имаат слични симптоми. Овие лица се чувствуваат уморни или имаат вртоглавици кога стануваат од седечка положба или доживуваат палпитации или значително зголемување на отчукувањата на срцето кога стојат.

Screenshot_3.jpg

Симптомите на Линдзи започнале во октомври 2015 година со болка во пределот на абдоменот и грбот.

Нејзиното здравје се влошило многу пред неколку години кога постојано повраќала и се онесвестувала по повеќепати секој ден.

Screenshot_5.jpg

По години и години докторски прегледи ѝ било дијагностициран синдром на постурална ортостатска, затоа што имала абнормално забрзување во отчукувањата на срцето кои ѝ се случувале при седење и станување. Дијагнозата ја добила во февруари 2022.

Линдзи си ја нарекува состојбата „алергија на гравитација“.

„Звучи лудо, но вистина е, не можам да стојам подолго од 3 минути без да се онесвестам или да ми биде лошо. Никогаш немаше да можам да претпоставам дека на 28 години ќе се туширам седејќи на столче.

Повеќе не можам ниту да излезам од дома“.

Таа поради состојбата ја изгубила и работата како инженер во морнарицата на САД.

Screenshot_4.jpg

„Многу години симптомите ми ги припишуваа на анксиозност. Во еден миг сама одлучив да престанам да возам автомобил поради страв да не се онесвестам притоа и дури потоа разговарав со кардиолог кој конечно даде добра претпоставка за мојата дијагноза.

Бев навистина благодарна што конечно дознав што ми е.

Примам лекарства кои ми ги ублажија симптомите, но уште се онесвестувам по 3 пати на ден, а без помошта од мојот сопруг Џејмс (30) не можам да направам многу. Нема лек, но благодарна сум што барем малку состојбата ми е стабилизирана.

Но, ако направам оброк за мене и Џејмс, следните три дена сум прикована за кревет и едноставно не можам да направам ништо.

Тешко се навикнав на новиот живот и сакам да се преселиме во поголема куќа со двор за малку барем да излегувам. Од многу активна жена се претворив во личност што го минува животот во кревет.“

Screenshot_6.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Беше жив Кен, а сега е пластична жена со секси дечко покрај неа – кожата ѝ се распаѓа по операциите Од жив Кен сакаше да се претвори во Барби, но неуспешно - пријателите велат дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg