Мал херој: 10-годишно момче ја спасило мајка му откако добила епилептичен напад во базен (видео)

Гавин од САД забележал дека мајка му има епилептичен напад во базенот во нивниот двор, па без двоумење влегол внатре за да ја спаси. За херојскиот подвиг, 10-годишното момче добило и признание од локалната полиција.

mal-heroj-10-godishno-momche-ja-spasilo-majka-mu-otkako-dobila-epileptichen-napad-vo-bazen-video-01.jpg

10-годишниот Гавин од Оклахома, САД, го спасил животот на неговата мајка, откако таа добила епилептичен напад додека била во базен.

Од морничавиот настан има и видео снимено од безбедносната камера поставена во дворот на семејството.

mal-heroj-10-godishno-momche-ja-spasilo-majka-mu-otkako-dobila-epileptichen-napad-vo-bazen-video-02.jpg

Во изјава за Good Morning America, мајка му Лори открива дека има епилепсија, поради што е склона кон напади.

„Гавин само што излезе од базенот и јад веднаш добив напад. Се исплашив повеќе од кога било“, вели таа.

mal-heroj-10-godishno-momche-ja-spasilo-majka-mu-otkako-dobila-epileptichen-napad-vo-bazen-video-04.jpg

Гавин бил во близина на базенот кога забележал дека мајка му потонала.

На видеото се гледа како тој скока во базенот, ја извлекува мајка му до работ и ѝ ја држи главата над вода додека да дојде неговиот дедо.

Гавин вели дека бил малку исплашен, а за херојскиот подвиг добил и признание од локалната полиција.

„Поради брзото делување, тој спаси живот. Неговата мајка не мораше да оди во болница и не голтна вода. Тој е херој.

Тој има емпатија за човештвото, неговите пријатели и неговото семејство и се надевам дека ќе биде таков во иднина“, вели локален полицаец за People.

mal-heroj-10-godishno-momche-ja-spasilo-majka-mu-otkako-dobila-epileptichen-napad-vo-bazen-video-10.jpg

Лори, пак, вели дека е горда што има таков син.

„Тој дефинитивно е мојот херој. Но, мислам и дека е мојот ангел чувар“.

mal-heroj-10-godishno-momche-ja-spasilo-majka-mu-otkako-dobila-epileptichen-napad-vo-bazen-video-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg