„Им пречеше нашето присуство, не ни даваа да заработуваме“: Меган Маркл повторно го напаѓа кралското семејство, јавноста вели дека лаже
- Детали
- вторник, 30 август 2022
Во ново интервју, Меган Маркл вели дека кралското семејство не им дозволувало сами да заработуваат со Хари и затоа го напуштиле, но и дека односот на принцот и татко му Чарлс е значително влошен. Во меѓуврме, јавноста ја критикува и некои истакнуваат дека нема за што да се жалат со Хари, бидејќи Чарлс им дал милиони кога си заминале од Англија.
Меган Маркл повторно го нападна британското кралско семејство во интервју за магазинот The Cut, а набрзо се соочи и со многу критики.
Во интервјуто, 41-годишната Меган вели дека поради целата ситуација со кралското семејство, принцот Хари го „изгубил неговиот татко“, дека таа и Хари немале друг избор освен да си заминат од Англија, но и дека се пресреќни со таа одлука.
Додека зборува за нарушениот однос со нејзиниот татко, Меган спомнува дека принцот Хари е во слична положба со неговиот татко, и тоа по вина на принцот Чарлс.
„Хари ми рече: ’Го изгубив татко ми во целата ситуација‘. За нив не мора да биде исто како и мене, но тоа е негова одлука“.
Меган зборува и за мигот кога одлучиле со Хари дека е време да го напуштат кралското семејство:
„Со самото тоа што постоевме, ја нарушуваме динамиката на хиерархијата. Па, си рековме: ’Во ред, ајде да си одиме одовде. Ќе ни биде задоволство‘“.
Меган вели дека таа и Хари размислувале да се преселат во земја од Комонвелтот и оттаму да работат за кралското семејство, а притоа да заработуваат и свои пари. Но, не добиле дозвола за тоа.
Меган истакнува дека многу други членови на кралското семејство одлучиле да си заминат од палатата и да заработуваат свои пари и, за разлика од неа и Хари, добиле дозвола и не биле критикувани.
„Поради некоја причина, ова беше нешто недозволено за нас, иако неколку други членови на семејството го направија потполно истото нешто“.
На прашањето дали може да му прости на кралското семејство и да го подобри односот со нив, Меган изјави:
„Мислам дека прошката е многу важна. Потребна е многу повеќе енергија за да не простите. Но, треба и многу труд за да простите. Јас навистина се потрудив, особено сега кога знам дека можам да кажам сè“.
Истовремено, Меган истакнува дека еден од главните виновници за раздорот во семејството се британските медиуми, кои само сакаат да ја „оцрнат“.
Меган изјави дека има уште многу работи што сака и може да ги каже за кралското семејство, но уште закрепнувала од целата ситуација.
„Интересно е, никогаш не ме натерале да потпишам нешто за да не кажувам што се случува… Можам да го раскажам целото мое искуство, но одлучив да не го правам тоа“.
Во интервјуто има изјава од Хари, кој суптилно го критикува кралското семејство:
„Повеќето луѓе од моето семејство не можат да работат и да живеат заедно. Чудно е бидејќи мислите дека ќе има многу притисок, но ова им е природно и нормално“.
На крај, Меган откри и дека планира да го активира нејзиниот Инстаграм профил.
Изјавите на Меган веднаш наидоа на бројни критики. Извор близок до кралското семејство смета дека изјавата на Меган за Хари и татко му е „измислица, и не вреди да се коментира“.
За PageSix, друг извор го сподели сличното мислење:
„Првпат слушам дека Хари се скарал со татко му. Чарлс им даде милиони на Меган и Хари кога си заминаа од Англија“.
Некои сметаат и дека Меган изгубила допир со реалноста:
„Сега на сите им е јасно дека Меган Маркл изгубила допир со реалноста и има мисија да го сруши британското кралско семејство, по секоја цена“, пишува колумнист на Daily Mail.
Експерти за кралското семејство велат и дека ниту еден член од семејството не заработува свои пари, како што сакале Меган и Хари.
Спирова С. | Црнобело